Црна хроника
Мајка и ќерка загинаа во сообраќајката кај Битола
Во тешката сообраќајка што се случи рано попладне во вторникот на патот Битола – Ресен две лица ги загубија животите, мајка и нејзината шестгодишна ќерка, додека втората ќерка со тешки повреди е на клиниката во Битола и се бори за животот.
Во сообраќајната несреќа што малку пред 13.30 часот се случи кај бензинската пумпа „Лук Оил” на патот Ресен – Битола, учествувале две патнички моторни возила, „форд ескорт” со битолски и „тико” со охридски регистарски таблички. Полицијата и јавен обвинител беа на местото на незгодата каде до доцна попладнето вршеа увид.
Жената која го управувало „тикото” починала на самото место од здобиените повреди починала. Во „тикото” , покрај жената, имало уште две други лица, малолетни девојчиња. Едното од нив, на возраст од шест години, тешко повредено било пренесено на одделот за интензивна нега каде што по четиричасовни напори лекарите не успеале да и’ го спасат животот .
Другата ќерка, на 16-годишна возраст, е хоспитализирана на одделението за интензивна нега во битолската болница и се наоѓа во животна опасност.
Жртвите, како што се дознава, се од ресенскиот крај.
Во другото возило повредени се две лица од Битола, татко и син возраст од 60 и 44 години. Тие минале со полесни повреди, но задржани се на одделот за неврохирургија./крај/мф/аш
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.