Црна хроника
Дете почина откако во бутик врз него падна огледало во Англија

Огледало падна врз четиригодишно момченце во бутик на брендот Hugo Boss, а детето подоцна почина во болница, пишува во неделата весникот The Daily Mail.
Трагедијата се случила во местото Бистер во грофовијата Оксфордшир, каде што се наоѓаа многу модни бутици на познати марки. Момченцето било превезено во болницата во Оксфорд а починало четири дена подоцна поради тежината на повредите.
Не е соопштено како врз детето паднал ѕидот со огледала. Менаџментот на Hugo Boss не го коментираше инцидентот, но ја затвориле продавницата во Бистер додека трае полициската истрага.
„Ја истражуваме смртта на момчето и ги молиме сите кои овој вторник биле во продавницата на Hugo Boss во време на инцидентот, најбрзо да ја контактираат полицијата“, изјави за весникот земникот началник на локалната полиција Стив Дафи, истакнувајќи дека момченцето во бутикот било со неговите родители.
Весникот додава дека менаџментот на продавницата на Hugo Boss во Бистер изразило сочувство со семејството на жртвата во оваа трагедија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.