Региони
Општина Штип со парична донација за 13 ромски семејства чии домови изгореа во пожар
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев во понеделник подели договори за парична донација за 13 ромски семејства кои останаа без привремено сместување, откако во пожар изгореа нивните привремени живеалишта во старото нервно одделение во Штип. Тие ќе добиваат по 3000 денари месечно за покривање на трошоците за струја, вода и станарина.
„По пожарот 13 семејства останаа незгрижени, а Советот донесе одлука општината да ги покрива трошоците за сместување на тие лица каде што живеат. Денес ги добија решенијата, но морам да кажам дека тоа е времено решение, а ние бараме трајна солуција за нивниот проблем. Мислам дека наскоро ќе има конкретни работи, за изградба на една типска населба , куќи или станови ќе видиме, тука сакаме да ги сместиме не само овие 13 семејства, туку сите кои сѐ уште престојуваат во старото нервно одделение и оние кои се покрај булеварот Партизанска бидејќи таму сакаме да ја завршиме комплетно реконструкцијата на булеварот. Ние можеме тоа да го направиме, за мене сите граѓани се исти и водиме ред за нив. Важно е дека тие треба да бидат лојални, децата да одат на училиште, а родителите да најдат работа во Штип“, изјави градоначалникот Захариев. За трајно решавање на проблемот со сместувањето на Ромите, обезбеден е буџет од 1 милион евра. „Голема благодарност до градоначалникот и Советот, кои излегоа во пресрет за нас, тој се бори за нас, еве сега имаме привремено решени а потоа се планираат куќи или станови за нас. Благодарам за ваквата одлука да ни се помогне“, изјавија дел од Ромите кои добија решение за финансиска поддршка од локалната самоуправа. Ова значи дека оваа 2016 година, општината ќе издвои 39.000 денари месечно, односно на годишно ниво 468.000 денари. Инаку на иницијатива на градоначалникот, овие 13 семејства добија и еднократна парична помош од страна на Владата на Р.М во висина од 30.000 денари по семејство. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).