Црна хроника
Над 50 години затворски казни добија обвинетите во случајот `Ноќ`
Вкупно 51 година и 8 месеци добија обвинетите во случајот `Ноќ`, кој се однесуваше на проституцијата во Македонија.
Еден од организаторите на групата, односно макроата, доби десет години затвор, четворица по осум годни затвор, сопственикот на мотелот доби шест години затвор.
Дел од корисниците на сексуални услуги добија ефективна казна, дел се осудени условно, а дел ослободителна пресуда.
Ова е прв случај да им се суди на корисници на сексуални услуги.
Во акцијата „Ноќ“, којашто се случи во октомври 2011 година кај зградата на МРТВ, беа уапсени 21 лице, макроа и нивни помагачи, еден сопственик на мотел, корисници на сексуални услуги и еден полицаец од полициската станица „Бит пазар“.
Обвинителството ги гонеше за трговија со малолетно лице, организирање група и поттикнување на извршување на трговија со луѓе, криумчарење на мигранти и посредување во вршење проституција.
Првообвинетиот пред судот тврдеше дека бил само `див таксист` и дека нема врска со девојките кои ги запознал на бензиската пумпа „Макпетрол“. Единствено ги возел до нивниот стан во скопската населба Аеродром и им купувал кондоми кога ќе му нарачале.
Обвинителството констатитрало дека во текот на 2011 година била организирана група кои обезбедиле три малолетнички и ги носеле на кејот на Вардар каде се проституирале.
Нивните услуги чинеле од 1.500 до 3.000 денари, пари кои ги земале нивните макроа./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

