Македонија
Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 33, Куманово – 17, Дебар – 3, Штип – 5, Прилеп – 7, Тетово – 13, Струга – 3, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 2, Кавадарци – 5, Гостивар – 8, Гевгелија – 3, Струмица – 18, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 11, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Валандово – 2, Виница – 2, Делчево – 7, Свети Николе – 1, Кичево – 3, Ресен – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје – 46, Куманово – 13, Штип – 7, Прилеп – 12, Тетово – 3, Струга – 2, Велес – 1, Битола – 3, Охрид – 4, Кавадарци – 4, Гостивар – 12, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Берово – 3, Валандово – 1, Делчево – 4, Кратово – 1, Кичево – 3, Неготино – 2.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78 г. и 80 г.), пациент од Кочани (77 г.), од Струмица (44 г.), од Скопје (72 г.), од Битола (79 г.) и еден пациент од Гостивар (79 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.088, бројката на оздравени пациенти е 13.550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6406, активни 526
• Куманово 1628, активни 200
• Дебар 271, активни 38
• Штип 1214, активни 68
• Прилеп 574, активни 125
• Тетово 1325, активни 126
• Струга 633, активни 65
• Велес 295, активни 22
• Битола 253, активни 51
• Охрид 398, активни 54
• Кавадарци 207, активни 31
• Гостивар 865, активни 87
• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 130, активни 66
• Крива Паланка 86, активни 36
• Радовиш 54, активни 11
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 202, активни 60
• Пробиштип 98, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 86, активни 11
• Пехчево 42, активни 21
• Берово 74, активни 24
• Валандово 13, активни 4
• Виница 96, активни 28
• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 310, активни 19
• Кичево 294, активни 28
• Ресен 155, активни 8
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1721 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје – 40, Авицена – 254, Биотек – 154, МАНУ – 91, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR-метода -165, лабораторија Лаор –5 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 76, Инфективна клиника – 8, ГАК – 17, Синлаб – 166, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 49
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 83
• Карпош – 71
• Центар – 74
• Кисела Вода – 48
• Ѓорче Петров – 25
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 9
• Сарај – 15
• Арачиново – 9
• Илинден – 8
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 5
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави против 11 лица поради повеќе кривични дела поврзани со плаќање давачки за увоз и регистрација на половни моторни возила.
Меѓу пријавените е и 43-годишна вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, осомничена за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавен е и 29-годишен контролор во станица за технички прегледи поради „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Останатите лица се сомничат за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „давање лажен исказ“.
Според МВР, во текот на 2024 година дел од пријавените договарале сопственици на возила со странски таблици, кои за половина од законските давачки за увоз, добивале регистрација без да ги платат потребните трошоци. Во електронскиот систем биле внесувани податоци за возила без платени царини, такси и надоместоци за регистрација.
Пријавениот контролор во станица за технички прегледи изготвувал и фалсификувани електронски табели налик на оние што ги издава Бирото за метрологија за хомологација на возила.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.
Македонија
Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија

Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција. На овој состанок присуствуваа претставници од државните институции, верските заедници и други релевантни организации.
Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање потенцира дека овој совет е клучен за превенција на појави кои ја загрозуваат општествената кохезија.
„Како град и како мултиетничка и мултиконфесионална држава, имаме обврска да испраќаме обединувачки пораки и да ја зајакнеме културата на соживот. Само на тој начин ќе обезбедиме стабилност и посигурна иднина за нашите граѓани,“ истакна Касами.
Тој додаде дека Општина Тетово, во тесна соработка со полицијата, обвинителството, социјалните центри, училиштата и верските лидери, ќе преземе конкретни чекори за граѓаните да живеат во мир, хармонија и заемна почит.
„Нашиот заеднички ангажман е гаранција дека граѓаните на Тетово ќе се чувствуваат заштитени, почитувани и еднакви, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Само преку соработка можеме да изградиме поправедно и посилно општество,“ нагласи градоначалникот Касами.
Македонија
(Видео) Нов скопски саем во Бутел и голем парк покрај него е првото ветување на скопјани од Мециновиќ

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на партијата Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов скопски саем во северниот дел на градот, во општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот Христјан Тодоровски-Карпош.
„Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти, кои не успеаја да ги зачуваат и надградат капацитетите за новите генерации. Наместо тоа, денес тој простор е претворен во трговски центар, што ја одразува политиката на уништување на јавните простори за личен профит. Затоа новиот саем е од клучна важност бидејќи повторно ќе овозможи простор за сите еднакво – за култура, заеднички активности, образование и за социјализација на скопјани“, вели Мециновиќ.
Проектот предвидува изградба на изложбени хали со површина од 20.000 квадратни метри, конгресен центар за јавни собири и трибини, како и отворени простори за културни настани и заеднички активности. Според Мециновиќ, новиот објект ќе биде лесно достапен и ќе придонесе за создавање нов културен и економски пол во градот, кој ќе претставува противтежа на сегашната концентрација на економски и културни активности.
Покрај саемот, најавен е и голем парк, кој треба да стане „белодробен систем на северот на Скопје“. Паркот ќе содржи централен тревник за фестивали и собири, детски игралишта, спортски терени, тематски градини, амфитеатар на отворено и екопатеки со современа инфраструктура.
„Идејата е саемот и паркот да функционираат како целина, како куќа на јавниот живот, простор за културни манифестации, собири и дијалози, но и како зелено прибежиште за спорт, детска игра и колективна релаксација. На тој начин го враќаме јавниот интерес пред приватниот профит“, рече Мециновиќ.