Спорт
Фердинанд: Манчестер јунајтед не работи добро, видете го Челси

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, не е задоволен од сработеното во преодниот рок, а како пример за добра работа го наведе Челси. Манчестер јунајтед досега во преодниот рок го донесе само Дони ван де Бек за 39.000.000 евра, од друга страна, Челси вложи 223.000.000 евра во Каи Хаверц, Хаким Зијеш, Тимо Вернер и Бен Чилвел.
Фердинанд смета дека ангажирањето на Ван де Бек е недоволно за Јунајтед бидејќи Ливерпул и Сии се силни, а Челси направил одличен тим.
„Видете како работат во Челси, а како во Јунајтед. Кај Челси го имате ова: „Бенг, работата е договорена“. Малку зборуваат и, оп, ќе донесат нов играч. Јунјатед не го прави тоа и тоа нè фрустрира. За Санчо се зборува со месеци, а сè уште ништо не е завршено. Тоа фрустрира“, рекол поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез го задржа максималниот учинок во квалификациите

Марк Меркез ја освои пол-позицијата за ГП на Катар.
Ова е четврти пат шпанскиот мотоциклист да биде на првото место, па го задржа максималниот учинок во квалификациите.
Шпанецот постави најдобро време од 1:50.499, што беше недостижно за помладиот брат Алекс, кој беше втор.
Третото место му припадна на Фабио Квартаро, кој е на Јамаха.
Катастрофа во квалификациите имаше клупскиот колега на Марко Маркез, Франческо Бањаја, кој на стартот ќе биде само 11-ти.
Италијанецот имаше пад и во квалификациите, поточно во вториот дел, па тоа имаше големо влијание на крајот да биде само 11. место.
Спорт
(Видео) Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на тренингот во Бахерин остана без волан

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на вчерашниот тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин се соочи со еден необичен проблем и остана без волан во текот на треингот.
Има долго кариера зад себе Алонсо во најбрзиот караван во светот, меѓутоа веројатно ваква ситуација не памети.
Во еден момент додека возеше Шпанецот остана без волан, но за среќа не беше во полна брзина и се најде на дел од патеката каде што има простор да реагира, па се помина без инцидент.
Fernando Alonso's steering wheel has come off 👀
The Spaniard is back in the pits now as Aston Martin investigate the issue #F1 #BahrainGP pic.twitter.com/fV1INSJYM4
— Formula 1 (@F1) April 11, 2025
Спорт
Модриќ го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната?

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ по крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.
Договорот на Модриќ со шпанскиот тим истекува за два и пол месеци, а како што пренесува локалниот „Ас“ продолжувањето на соработката не е во оптек.
Хрватот има 39 години и веќе ги надмина сите очекувања на навивачите, кои пред две сезони сакаа тој да остане барем уште една година.
Познато е дека Реал Мадрид ретко задржува фудбалери кои се на залезот на кариерата, но Модриќ е многу заслужен што се уште е во шпанскиот тим.
Сепак, „Ас“ смета дека тоа повеќе нема да биде така.
Во иста ситуација ги ставија Лукас Васкез и Давид Алаба.