Црна хроника
Со 3,5 промили алкохол во крвта поминал на црвено на „Партизанска“
Пијан возач, поминал на црвено на „Партизанска“ во центарот на Скопје, а кога го запреле полицајци, почнал да ги навредува и омаловажува, соопшти во петокот полицијата.
Имено, во петокот, околу 4.30 часот утрото, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улица „Франклин Рузвелт“, при вршење на рутинска сообраќајна контрола, полициски службеници запреле автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 40-годишниот (40) од Скопје, откако тој претходно на семафор минал на црвено светло.
Алкохолизираниот возач почнал да ги навредува и омаловажува полицајците, по што е приведен во полициска станица Центар и по извршено алкотестирање кај него е утврдено присуство на 3.50 промили алкохол.
По целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило излета од автопатот Скопје-Неготино: повредени три лица
Вчера во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К.(43) од Гевгелија излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско
Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Следел женско лице а од канцеларијата и го украл и мобилниот телефон: кривична за маж од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар.
Toj се сомничи за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“.
63-годишниот маж извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.