Спорт
Гвардиола ги избегнува прашањата за Лео Меси
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола одби да биде вовлечен во разговори околу можноста да го донесе Лионел Меси на „Етихад“ откако Аргентинецот ова лето имаше неуспешен обид да замине од Барселона една година пред крајот на договорот.
Се веруваше дека само Сити со нивната огромна финансиска моќ можат да си го приуштат Меси, кој наводно сакал да работи со својот поранешен ментор. Гвардиола првпат јавно проговори за „сагата“.
„Нема потреба да објаснувам ништо. Лео го направи тоа доволно добро и немам што да додадам. Ние како клуб нема што да додадеме. Тој е фудбалер на ФЦ Барселона, клуб кој јас го сакам“, вели Гвардиола.
Тој исто така не сакаше да зборува за можноста следното лето Меси да пристигне бесплатно во Сити.
„Не знам, тоа е прашање за Лео Меси. Не можам да зборувам за намерите на другите луѓе“, додава Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.
Спорт
Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.
Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци.
Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во шпанскиот Леганес, а потоа во Утрехт, каде што постигна шест гола на 18 натпревари и му помогна на тимот да заврши четврти во Ередивизие и да се квалификува за Лигата на Европа.
Але сега се враќа во познато окружување, каде што ја започна својата кариера пред десет години, и потпиша нов договор со Утрехт.
Утрехт е на седмото место на табелата во холандското првенство со три бода.
Foto/ EPA
Спорт
Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.
Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.
Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркез стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.
Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:
„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам се од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркез прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.