Контакт

Сцена

Почина еден од основоположниците на македонската забаван музика Димитар Масевски

Објавено пред

Ноќта кон неделата во Скопје на 7-ж8-годишна возраст почина познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој важешe за еден од основоположниците на македонската забавна музика.

dobivaj vesti na viber

Димитар Масевски е роден во Скопје во 1937-та година. Од рано детство сакал да свири на мандолина, на инструментот на кој свирел неговиот татко. Во повоените години се запишува во Средното музичко училиште. Веќе во втората година од средното обрзование тој почнува да ги пишува првите авторски песни. Во 1956-та, по смртта на таткото, Масевски е принуден да го напушти школувањето и се вработува во Забавниот оркестар на Радио Скопје како музичар на удиралки.

Професионалниот ангажман на Масевски во МРТВ е повеќекратен. Првенствено тој е еден од клучните личности во продуцентската дејност. Во 1967 година, по едногодишниот престој во Белград, Масевски на покана од Драган Бојаџиев – Батко и композиторот Благоја Ивановски, основачите на Музичката продукција на МРТВ, се враќа во Скопје и ја започнува дејноста како продуцент за забавна музика. Така, 1970-те е периодот на интензивна музичка продукција и популаризација на забавната музика во Македонија. Во тој период, заедно со авторот и продуцент Славе Димитров, Масевски има продуцирано околу две илјади композиции од кои 80 отсто од македонски автори и изведувачи. На тој начин Масевски вложува огромен ангажман за грижата и афирмацијата на постојните и нови автори, текстописци, аранжери и плејада пејачи како Нина Спирова, Зоран Георгиев, Диме Поповски, Зоран Милосављевиќ, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Драган Мијалковски и други. Голем број од овие интерпретатори членуваат и во неговиот прв вокален ансамбл „Димас”.

Оттогаш, од 1967 година па до своето пензионирање во 2002 година, Масевски останува во МРТВ, на различни позиции и раководни позици, како уредник на Музичката продукција; уредник на Забавната редакција на Телевизија Скопје; уредник на Забавната програма на МТВ; советник на директорот на Македонската телевизија и советник на генералниот директор на МРТВ.

Сиот свој работен стаж го посветува на афирмацијата на македонската забавна музика низ продукцијата на телевизиски емисии преку аудио и видео компоненти. Со свои идеи, сценарија за емисии и видео-спотови, во интерес на севкупната програма, Масевски како уредник (продуцент) на Редакцијата за забавна програма е главната личност во креирањето и изгледот на музичките програми на МТВ. Шест емисии во кои како уредник се јавува токму Масевски се добитници на највисоки телевизиски признанија. Најпрестижни се Сребрената и Бронзената роза освоени на Светскиот фестивал за телевизиски емисии во Монтре, Швајцарија, на авторот Дарко Марковиќ – „Каша – миш-маш” и „Фестивал”. Другите наградени емисии и спотови се „Шоу-машина“, на Дарко Марковиќ, наградена на фестивал во Порторож, Словенија; „Музичка цртанка со Леб и сол“, за која ја доби Специјалната награда за оригинална идеја; телевизискиот спор „Скопје“ за истоимениот хит на Леб и сол, чии автори се Столе Попов и Горан Стефановски; „Полн пансион“, исто така, со Леб и сол на Слободан Унковски и Горан Стефановски, освојувал на Прва награда на тв фестувалот во Неум; спотот „Бонбониера – Кревети“ со Леб и сол на Слободан Унковски, кој доби Прва награда во Белград за ТВ спот.

Димитар Масевски е добитник на повеќе годишни награди на МРТ за квалитетно и професионално ангажирање, како и на Орден на трудот со сребрени зраци.

Во 1960 година е примен во Друштвото на композиторите на Македонија како еден од најперспективните македонски композитори на популарната музика. Како музички уредник во МТВ, Масевски е автор на телевизискиот фестивал за забавни мелодии ТВ Спот. Исто така, тој е еден од иницијаторите и организатори на возобновениот Скопски фестивал.

Музичкото творештво на Димитар Масевски опфаќа околу петстотини композиции. Во историјата на македонската забавна песна Масевски ќе остане забележан и со песната „Последна солза” во интерпретација на Блага Видец како прва песна испеана на македонски јазик на Југословенската забавна сцена на Фестивалот на Југословенската радиодифузија во Белград во салата на Домот на синдикатите на 22-ри јуни 1957 година.

Исто така, Масевски е автор и на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил” изведена од Блага Видец и Никола Автовски на јавна емисија на Радио Скопје. Според жанрот, композициите на Масевски опфаќаат три музички области: забавна-популарна, народна и детска. Во жанрот на забавната музика е и музиката за ТВ драми и серии, театарски претстави.

Композициите од жанрот на забавната музика се најмногу ориентирани кон лесната шлагерска мелодија. Масевски е еден од првите композитори на забавна музика кои црпат инспирација од богата ризница на македонскиот фоклор. Неговата „Како сонцето што зајдува” и композицијата „Село мое” на Слободан Николовски-Боде се, всушност, првите етно-поп песни во македонската забавна музика. Според тематиката која ја обработуваат забавните песни на Масевски може да се поделат на: – родољубиви („Партизанска ноќ”, „Христијан” итн.) и – лирски („Последна солза”, „Гриша”, „Љубен си”, „Ангела” итн.)

Масевски има компонирано и инструментални композиции кои се верзии на неговите вокални песни: „Остани мој”, „Молчи молчи”, „Зимски здив” и „Визија на мојата среќа”. Звуците на мелодиите, како „Љуби ме Мирјанке”, „Молчи молчи љубов моја”, „Ангела”, „Бела хризантема”, „Приспивна за реката”, „Моја добра гитаро”, „Лет на гулаб бел” итн. се несомено македонски евергрин мелодии. И денес кога ќе ги слушнеме будат спомени за едно време во кое авторите создавале со голем ентузијазам и верба во опстанувањето на македонската забавна песна.

Како автор Масевски има соработувано со голем број пејачи, а неретко тој открива и афирмира нови пејачки имиња на домашна сцена кои стануваат популарни и остануваат до ден денес македонски музички легенди , како како на пример: Зоран Георгиев, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска, Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Јанко Узунов, потоа Силви бенд, Росана Сариќ, Лидија Кочовска, …

Од текстописците Димитар Масевски најмногу соработувал со Ѓоко Георгиев, Љупчо Стојановски, Јован В. Павловски, а од аранжерите со: Драган Ѓаконовски, Славе Димитров, Корнелие Ковач, Перо Готовац, Живоин Глишиќ, Дамир Имери, Тодор Трајчески и други.

Во периодот од 1968 до 1988 година Димитар Масевски ја има напишано музиката за сите серии во продукција на тогашната Телевизија Скопје , како што се: „Волшебниот воз“, „Детективи“, „Волшебното самарче“, „Курирот на Гоце“, „Белото циганче“, „Шути и рогати“, „Итар Пејо“ итн. Во тој период, исто така, Масевски компонира музика и за телевизиски филмови и драми, театарски претстави и претстави за деца, како „Коприварник“, „Тумбарник, „Далгарник“…

Во 1985 година започнува да компонира народна музика во духот на староградската песна. Има создадено околу 100 композиции од кои најголемиот број се изведени на домашните фестивали притоа и наградени. Особено популарна е песната „Љубов голема” или „За многу години, Македонци” во интерпретација на Виолета Томовска и Наум Петрески. Во последните десеттина години Масевски во целост и се посветува на новосоздадената народна песна.

Неговата последна композиција е „Свечена песна за Св.Климент Охридски” напишана за хор,солисти и камерен оркестар, изведена во Охрид со Славица Петровиќ-Галиќ, Маријан Николовски и Камерен оркестар.

На годинешниов „Скопски фестивал 2015“ како на еден од неговите основоположници и најзаслужни личности за неговото возобновување, организаторот – неговата матична куќа МРТВ на бардот на македонската музика му ја додели наградата „Животно дело“ за особени заслуги во развојот, афирмацијата и популаризацијата на македонската забавна музика./крај/мф/сд

Извор: Макфакс

Македонија

Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.

Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.

На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.

На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.

Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.

Прикажи повеќе...

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија13 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија13 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија14 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија15 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија16 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија16 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет17 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија17 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет19 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет19 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион19 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет20 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа20 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет20 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија2 дена

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....