Црна хроника
Пожар избувна во висококатница во Тетово

Пожар во станбена зграда од седум ката избувна во средата во тетово, при што биле зафатени повисоките катови, соопшти Дирекцијата заштита и спасување.
Дирекцијата за заштита и спасување обезбеди заштитни маски за жителите во опожарениот објект, а во гасење на пожарот се ангажирани пожарникари од Тетово, Гостивар и противпожарната бригада од Скопје со комплетна екипа и со скала за спасување на луѓето од повисоките катови.На местото на пожарот се ангажирани и градежни машини, како и возила со корпи за спуштање на луѓето.Сите станари од опожарената зграда биле примени во болницата во Тетово а дел од нив веќе се пуштени дома. Со потешко задушување во болница се задржани двајца пожарникари и пет станари од опожарената зграда, меѓу кои и три деца. Според првичните информации пожарот е локализаран, но од зградата и натаму излегува чад.Причините за пожарот не се познати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.