Црна хроника
Крадци се обиделе да го ограбат станот на градоначалникот на Куманово

Непознати сторители завчера напладне се обиделе да го ограбат станот на градоначалникот Зоран Дамјановски на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, јавува Кумановоњус.
Обидот за кражба се случил помеѓу 13 и 14 часот додека никој немало дома. Крадците ја скршиле бравата и лајсната на влезната врата, но не влегле во станот, најверојатно затоа што наишол некој од соседите.
Скршената врата ја нашла сопругата на градоначалникот кога се вратила од работа. Дамјановски во тоа време бил во Скопје на службен состанок. Веднаш повикале полиција која излегла на терен и извршила увид на лице место.
„Кражбата сакале да ја извршат најверојатно повеќе лица, многу професионално, затоа што бравата ја провртеле со дупчалка а бургијата ја ладеле во водата за цвеќиња што во шише ја чуваме пред станот.Истовремено ги ограбиле и соседите. Незнам кој би можел да го стори тоа и не се сомневам во никого, оставам полицијата да открие“ изјави градоначалникот за порталот.
Од СВР Куманово го потврдуваат случај на тешка кражба во обид во станот на градоначалникот, и велат дека работат на откривање на сторителот.
Крадците истиот ден провалиле во друг стан во зградата, еден кат над градоначалникот, и однеле златен накит во вредност од 10 000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.