Црна хроника
Прилепчанец се обесил во Демир Хисар откако не бил примен во болница
Прилепчанец се обесил кај болницата во Демир Хисар откако не бил примен на лекување, јавува битолската телевизија Орбис.
Четириесетгодишниот Миле В. Од Прилеп во средата се обратил во психијатриската болница за душевни болести каде што сакал да биде примен.
Тој и претходно бил пациент во оваа душевна болница, но од се уште непознати причини не бил одбиен од болницата. Поради тоа, тој се обесил со предавателот за телефони кој се наоѓа веднаш зад поштата во Демир Хисар, а е во непосредна близина на болницата.
Веднаш после пријавата од очевидци на лице место пристигнала екипа на брзата помош од Демир Хисар, но била констатирана само смрт.
Увид на лице место извршија истражен судија и јавен обвинител. Од МВР потврдуваат дека прилепчанец се обесил кај болницата во Демир Хисар./крај/орбис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.