Вести
САД тврдат дека телефонскиот разговор на бунтовниците е автентичен

Телефонскиот разговор меѓу двајца проруски бунтовнички водачи кои наводно ги снимиле украинските безбедносни служби, докажува дека нивните луѓе го урнале цивилниот авион и е автентичен, потврдиле американски експерт, објави во неделата навечер американската амбасада во Киев.
„Аудиоподатоците коишто на медиумите им ги отстапи украинската безбедносна служба ги испитаа аналитичари на разузнавачката заедница, кои потврдија дека станува збор за автентичен разговор на двајца познати сепаратистички водачи, врз основа на споредба на гласовите од аудиснимките со снимките на познатите сепаратисти“, се истакнува во соопштението на амбасадата во САД во соопштението.Како што се наведува во соопштението, главната теза на којашто се „темели на неколку елементи“ е дека „авионот на летот МН17 најверојатно е урнат со ракета земја-воздух СА-11 (според НАТО класификацијата или рускиот ракетен систем „Бук М-1“), истрелана од територијата којашто ја контролираат сепаратистите во источна Украина“.Службата за безбедност на Украина (СБУ) во четвртокот навечер објави снимка од разговор, кој како што тврди украинското разузнавање, го водат двајца бунтовници челници по обиколувањето на местото на падот на авионот.„Авионот го урнаа момците од контролната точка Черљухи. Се распаднал во воздух“, велки еден од нив кого украинското разузнавање го нарекува „Мајор“.„Па што“, прашува другиот именуван како „Грк“.„Тоа сто отсто е цивилен воздухоплов“ (…)„Има ли оружје?“„Не, нема, само цивилни работи“.„А документи?“„Најдовме едни, на некој индонезиски студент“.На оваа снимка и претходи наводен разговор на бунтовничкиот водач Игор Безлер, кој е руски државјанин, според Киев, и полковникот на руското воено разузнавање Валисли Гераљин, негов офицер за врска, тврдат украинските власти.„Штотуку урнавме авион (…) Тргнавме да го бараме и фотографираме“, рекол Безлер.Меѓутоа нема појаснување дали станува разговор кој се однесува на претходно соборување на транспортниот авион „Ан-26“ на украинската армија.Изнесувајќи ги овие информации, началникот на украинското разузнавање Валентин Наливајченко изјави дека станува збор за разговор на „офицер на ГРУ (руското воено разузнавање) кои биле пресретната и снимени согласно законот“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.