Црна хроника
Психијатарот на возачот на Тоше тврди дека не е дел од “Метастаза”
„Фрапиран сум од обвинението и од тоа кога дознав кој е заштитениот сведок. Не сум учествувал во криминал со инвалидски пензии. Јас сум скромен психијатар”- кажа пред судскиот совет д-р Ѓорѓе Хаџи Ангелковски, еден од обвинетите лекари во судскиот процес „Метастаза”
Д-р Ѓорѓе Хаџи Ангелковски рече дека еден од обвинетите Љупчо Бутевски го познава бидејќи му бил пациент. Преку него го запознал и Ѓорѓи Ѓорѓевски, возачот осуден за виновен за сообрачајната несреќа во Хрватска во која загиан поп ѕвездата Тоше Проески кој исто така заедно со мајка му биле пациенти. Од Ѓорѓевски разбрал дека Бутевски е приведен за случајот, а кога си го видел името на осомничени на интернет сам се пријавил во истражниот затвор.Во детали раскажа за своите пациенти и начинот на кој со нив комуницирал. Не носел бел мантил и им давал негов телефон. Меѓу нив биле и Бутевски, кој секогаш му се фалел дека е близок со Владата и неговиот другар Ѓорѓевски кој се лечел од напади на суицид. Никогаш не видел луѓе да му мафтаат со пари.Обвинет е дека за 26 пациенти давал лажни дијагнози за да земат пензии меѓу кои и мајката на Ѓорѓевски. Многу од пациентите наведени во обвинението ги познава, бидејќи ги лечел, а некои од нив биле дел од негова студија.По него беше сослушана и Вилоета Пановска, психијатар од Куманово. Во нејзиниот емотивен исказ, плачејќи, се обиде да ги убеди судиите дека е наместена.Беше сослушани уште неколкумина обвинети кои исто така тврдат дека не учествувале во шемата со инвалидските пензии. Едната од нив го посочи обвинетиот Азем Кофрц дека слушнала дека работел со инвалидски пензии, на што реагираше Кофрц обвинувајќи ја дека лаже.Денешното судење за малку ќе се прекинеше поради кавга на судијата и еден од адвокатите. Судијата забележа дека адвокатот зборува на телефон заради што стана и рече дека ќе се прекине судењето поради непочитување на судот и реметење на редот во судницата. По куса расправија со адвокатот сепак судењето продолжи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

