Спорт
Адеми со два гола ги однесе Динамо во ЛЕ, Звезда сигурна со Ерменците
Црвена зведа на Кипар стигна до 2:1 победа над Арарат-Арменија за да обезбеди пласман во натпреварите по групи во Лига Европа, каде што ќе бидат и Динамо Загреб, кои потешко од очекувањата со 3:1 дома го победија естонскиот клуб, Флора.
Александар Катаи и Диего Фалчинели донесоа 0:2 водство за Звезда, пред Маилсон Лима во 75. минута да намали за 1:2 за клубот од Ерменија. Во Загреб пак, капитенот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола за 3:1 победа над Флора и нов настап во групи во европските натпреварувања за хрватскиот шампион.
Во групната фаза се и фаворитите Гранада и ПСВ Ајндховен – Гранада на гости кај Малме славеше со 3:1, додека холандскиот клуб со 2:0 го победи Розенборг.
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ
ЦФР Клуж (Ром) – КуПС Куопио (Фин) 3:1
Арарат-Арменија (Ерм) – Црвена звезда (Срб) 1:2
Шарлроа (Бел) – Лех Познањ (Пол) 1:2
Динамо Загреб (Хрв) – Флора Талин (Ест) 3:1
Слован Либерец (Чеш) – АПОЕЛ (Кип) 1:0
Малме (Шве) – Гранада (Шпа) 1:3
Розенборг (Нор) – ПСВ Ајндховен (Хол) 0:2
Mario Gavranović (30) ?? scores to take Dinamo Zagreb in to the lead against Flora Tallinn ⚽️
Beautiful cross came from Lovro Majer (22) ?? pic.twitter.com/ZDGZeM6eJJ
— Croatian Scout (@CRO_Scout) October 1, 2020
Captain Arijan Ademi ?? scores to make it 2-0 for Dinamo.
Very precise ball from Bruno Petković to Gavranović who controls it perfectly and lays it off to Ademi ⚽️⚽️ pic.twitter.com/dRvnCup7Py
— Croatian Scout (@CRO_Scout) October 1, 2020
Arijan Ademi ?? scores his second goal of the day, 3-1 for Dinamo against Flora. That no look pass from Petković is brilliant.
Fair to say Dinamo are going through. #UEL pic.twitter.com/smzhvKNm1J
— Croatian Scout (@CRO_Scout) October 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица.
Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката.
Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и се чини дека би можеле да се борат оваа сезона за титулата.
Со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации доаѓа во зима, Марсеј ќе биде без Обамејанг и Гири со што ќе се отвори дупка во нападот и потенцијален проблем во трката за трофејот.
Ендрик би можел да биде решението. Засега, Бразилецот не сака да брза со одлуката, но очигледно е дека ќе мора да замине од Мадрид доколку сака да игра и да се избори за место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство следното лето.
Спорт
„Модриќ, Џеко, Варди. Кој ќе плати за да гледа гробишта за слонови?“

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија.
Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на слонови“, алудирајќи на фактот дека клубовите сè повеќе им даваат шанса на играчите во доцните фудбалски години, наместо на помладите таленти.
Како примери ги наведе Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Тие се готови како играчи! Кој ќе плати за да гледа гробиштата на слонови? Го носите Ричи за 25 милиони, а играте со некој што има 40 години!“, рече Барџиѓа, предизвикувајќи лавина реакции од јавноста.
Сепак, формата на хрватскиот ас ги негира сите негови тврдења. Лука Модриќ, кој ова лето пристигна во Милано како слободен агент од Реал Мадрид, продолжува да докажува дека возраста не е пречка за него. Од почетокот на сезоната, тој ги одигра сите шест натпревари од Серија А во почетниот состав и e еден од клучните играчи во тимот на Масимилијано Алегри.
„Росонерите“ моментално се на третото место на табелата, а примија само три гола.
Покрај тоа, „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека Модриќ е на самиот врв во лигата по бројот на прецизни додавања и точноста на додавањата, поради што раководството на Милан веќе планира да му понуди продолжување на договорот.
Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.