Свет
(Видео) По насилните протести во Киргистан, опозиционер избран за премиер
Парламентот во Киргистан ја избра опозиционерката Садира Жапарова за нов премиер на оваа земја по насилните демонстрации што избувнаа денеска кога изборната комисија ги соопшти прелиминарните резултати од изборите одржани во неделата.
Демонстрантите набргу се собраа по што настана хаос. Тие со камион ја искршија капијата зад која се наоѓаат претседателството и парламентот, здание наречено Белата куќа. Како што се наведува, тие ја презеле власта од претседателот Соронбај Женбеков.
#Kyrgyzstan is experiencing another round of political turmoil after parliamentary elections on October 4 saw the apparent victory of the pro-Russia establishment. The opposition said the polls were rigged. Read: https://t.co/1PyRyrevsL #Bishkek #Kyrgyzstan2020 #KyrgyzstanProtest pic.twitter.com/oTMdVRFllX
— TRT World Research Centre (@TRTWorldRC) October 6, 2020
За време на протестите бил предизвикан и пожар во зградата на претседателството, кој набргу беше изгаснат.
Полицијата употреби гумени куршуми, солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек беа посилни и упаднаа во зградата.
Во судирите едно лице загинало, а повредени се речиси 600 луѓе, од кои 150 се хоспитализирани. Повредени се и 190 припадници на силите на редот.
Protesters occupy presidential palace in #Kyrgyzstan
Protesters unhappy with election results occupy presidential palace, parliament https://t.co/ARUfJlgO7e pic.twitter.com/dtEUYeFPES
— ANADOLU AGENCY (ENG) (@anadoluagency) October 6, 2020
Според информациите од тамошните медиуми, кога демонстрантите упаднале внатре, таму не нашле ниту еден функционер бидејќи претходно конвој возила бил забележан како ја напушта зградата.
Тие потоа ги ослободиле поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и поранешниот премиер Сапар Исаков, кои ја предводеа владата во 2017 и 2018 година.
Опозициските групи зазедоа уште неколку згради, меѓу кои и седиштето на градоначалникот на Бишкек и именуваа вршител на должноста шеф на националната безбедност, државен обвинител и командант на главниот град.
Како што пренесуваат локалните медиуми, гувернери на неколку провинции поднеле оставки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.
„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.
„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.
Свет
Медведев за Зеленски: „Кловнот избра нов шеф на својот кабинет – терорист“
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски.
„Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми.
Како што изјави, штета е што е празно само едно место, истакнувајќи дека „второто место требало да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни“.
Според него, ова би ги отстранило двајцата потенцијални противници на претседателските избори од шаховската табла.
Сепак, тој верува дека ова нема да му помогне на украинскиот претседател, чија судбина, додава тој, е веќе запечатена.
Зеленски го назначи шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов (на списокот на терористи во Русија), за шеф на својот кабинет, потсетуваат медиумите.
Таа позиција беше испразнета откако Зеленски го отпушти Андреј Јермак поради негова вмешаност во корупциски скандал.
Регион
Трагедија во Дубровник: тело на маж од БиХ извлечено од морето: бил повлечен во водата додека се фотографирал со семејството
Телото на граѓанин на Босна и Херцеговина беше извлечено од морето на бродот на Пристанишната управа на Дубровник по долга и исклучително тешка борба со многу високи бранови, објави Хина.
Капетанот на пристаништето во Дубровник, Мато Кекез, претходно потврди дека телото на маж е пронајдено во морето на 200 метри од брегот, кое утрово го повлекле брановите во морето од карпата во подножјето на ѕидините на Дубровник.
Мажот бил повлечен од брановите во морето од карпата додека тој се фотографирал со семејството.
Бродот на Капетанот на пристаништето, тројца вработени во поморската гранична полиција, двајца пожарникари и еден нуркач беа на позиции за спасувачка акција , но времето беше многу лошо, што го отежнуваше извлекувањето на телата.
Заедно со Пристанишната управа и полицијата, во потрагата учествуваа и членови на ХГС С и граѓанинот Доминко Радиќ.
„Најдов еден пар патики. Не можам да се приближам, ниту пак службите на капетанот, нема теоретска шанса. Брановите се високи од четири до пет, па дури и шест метри понекогаш“, ја опиша ситуацијата Радиќ.

