Црна хроника
Скопски адвокат обвинет за осигурителна измама
Скопската полиција во саботата соопшти дека до Основното јавно обвинителство поднела кривични пријави против 54-годишене адвокат од Скопје и 23-годишен жител на тетовското село Доброште, поради измама со осигурување од сообраќајна несреќа.
Имено лицето од Доброште како оштететен во сообраќајна незгода, и неговито застапник во текот на 2010 година во Скопје со намера да се стекнат противправна имотна корист на име надомест на нематеријална штета од автоодговорност, со двојно пријавување на оштетно побарување од ист инцидент, како и со лажно прикажување и со прикривање факти ги довеле во заблуда вработените во „Евроинс-осигурување“ АД Скопје да им исплати средства во висина од 1.330.824. денари, а на штета на Националното биро за осигурување.
На 4-ти јули 2007 година, околу 23 часот во село Доброште, според полициските записници, автомобил „форд сиера“потфатил со тркалото бекатон плочка која отскокнала и го удрила во глава второпријавениот кого полицијата го идентификува со иницијали Ј.А. Потоа на 20-ти август истата 2007 година , оштетениот му дал полномшно на скопскиот адвокатот идентификуван од полицијата со иницијали Б.К, за наплата на штета причинета во сообраќајна незгода што се случила во селото Доброште.
Адвокатот повикувајќи се на гореспоменатото полномошно на 16-ти октомври друштвото за осигурување „Макошпед“ АД Скопје, чиј правен наследник е „Евроинс-осигурување“ АД Скопје, поднел барање за исплата за надомест за претрпена штета по основ на задолжително осигурување на трети лица од автоодговорност во вкупен износ од 1.530.000 денари.
Откако барањето било разгледано во осигурителното друштво „Макошпед“ АД Скопје било констатирано дека не постои правна основа за негово позитивно решавање. На 15-ти јануари 2008 година, оштетениот повторно поднел барање за надомест на штета од истиот инцидент, но овојпат во осигурителната компанија АД „Вардар осигурување – Скопје“, каде било констатирано дека се исполнети условите за исплата на штета, и на 28-ми февруари 2008 година му биле исплатени 705.000 денари на трансакциона сметка на второпријавениот во случајот, жителот на тетовско Доброште.
Меѓутоа и покрај тоа што ги наплатил средствата за отштета, доброштанецот преку својот правен застапник, на 4-ти јуни 2008 година поднел тужба до Основен суд Скопје 2 Скопје против тужениот друштвото за осигурување „Макошпед“ АД Скопје за истиот инцидент, при што во тужбата скопскиот адвокат, како што нагласува полицијата, нотирал лажни факти дека второпријавениот Ј.А. е од Прилеп, село Доброште.
Така, на 30-ти декември 2009 година, во Основенито суд Скопје 2 Скопје нбила донесена пресуда со која туженотор осигурително друштво „Макошпед“ АД Скопје е задолжено да му исплати на оштетениот вкупно 1.330.824. денари. Врз основа на оваа пресуда подоцна „Евроинс-осигурување“ АД Скопје ја исплатило назначената од скопскиот суд сума во висина од 1.330.824 денари, а на штета на Националното биро за осигурување.
Инаку, како што забележуваат од Министерството за внатрешни работи на пријавениот скопски адвокат досега му биле поднесени уште 11 други кривични пријави за кривичното дела „осигурителни измами“./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

