Црна хроника
Бугарки ограбиле скопјанка во бутик среде Скопје

Две Бугарки ограбиле скопјанка во бутик во центарот на Скопје, соопшти полицијата.
Кражбата се случила на 18 март, кога Бугарките С.П.Е.(47) и Х.Р.Г. (39) отишле во бутикот за гардероба “Пренди”,каде ја забележале М.И. (21) која била заедно со нејзината мајка В.П. (51) како разгледувале по изложените предмети и притоа истите и пришле на оштетената М.И. и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, “Виза” и трансакциона картица од Комерцијална Банка, 5.000 денари и други лични предмети.
Така се стекнале со противправна имотна корист од 6.000 денари, по што веднаш го напуштиле бутикот.
Подоцна полицијата ги привела, а тие се бранеле со молчење. Оштетената со нејзината мајка во својство на сведоци извршиле препознавање над двете приведени при што истите со сигурност ја препознале С.П.Е. како извршител на кражбата.
Од страна на сопственикот на бутикот доставено е ЦД со видео запис од видео надзорот во бутикот од кој се изготвени фотографии на кои се гледа како пријавените ја вршат кражбата над оштетената. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.