Црна хроника
Пијан штипјанец нападнал полицаец во дискотеката „Мистик“
Дваесет иедногодишен штипјанец е приведен откако во петок навечер нападнал полицаец во дискотеката “Мистик”, соопшти полицијата.
Според истиот извор, до инцидентот дошло кога менаџерот на дискотеката се јавил во полиција и пријавил дека во ВИП сепарињата се собираат лица кои минатата недела учествувале во насилни дејства.
Полицијата дошла и вршела само посматрање на ситуацијата, но во еден момент дошло до туркање меѓу две лица во сепарињата, при што полицијата реагирала да спречи нарушување на редот и мирот.
Во тој момент 21 годишниот В.Г. почнал да го навредува полицаецот, а во еден момент го удрил со главата во градите. Полицаецот е упатен во ЈЗУ Брза Помош Штип каде му е укажана лекарска помош. Од страна на останатите полициски службеници напаѓачот е совладан и приведен во просториите на СВР Штип. Тој бил под дејство на алкохол, при што му е извршено алкотестирање и е констатирано 1,35 промили алкохол во крвта.
Во просториите на СВР Штип се повикани повеќе лица сведоци на настанот кои ги појаснија околностите на извршеното дело. Освен повиканите сведоци во просториите на СВР Штип неповикани дошле и неговиот татко и неговата тетка. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.