Црна хроника
Двајца загинати во сообраќајна несреќа кај селото Фариш

Во сообраќајната несреќа на регионалниот пат Градско Прилепзагинаа возачот и сопатникот
Страшо П. кој беше тешко повреден и итно префрлен во кавадаречката болница и покрај укажаната лекарска помош по неколку часа им подлегнал на повредите.Несреќата се случи попладнево, кога директно се судрија автомобил марка „форд ескорт“ и камион „МАН“. Возачот на фордот, 24-годишниот Никола П. почина на лице место, а неговиот татко со тешки повреди беше префрлен во болница.Како што јавува дописникот на Макфакс од Велес, Никола П. во еден момент ја изгубил контролата на движење на автомобилот, кој се движел од Прилеп кон Скопје и преминал на другата страна од коловозната лента што пак било причина за директен судир со камионот.На местото на несреќата увид направи полицијата и истражен судија.„Неприлагодената брзина на условите на патот се причина за сообраќајката”, изјави истражната судијка на кавадаречкиот суд Лидија Ридова.Поради сообраќајната несреќа регионалниот пат Градско Прилеп три ипол часа беше блокиран. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот веќе е нормализиранЗа последните 30 дена на овој регионален пат се случија три сообраќајни несреќи во кои животот го загубија шест лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со запалена хартија од јајца потпалил сува трева и предизвикал пожар во Ѓорче Петров

Обвинителството побара притвор за 57-годишниот маж кој предизвика пожар во Ѓорче Петров.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје.
Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.