Црна хроника
Гостиварец се обидел да силува малолетник

Четириесет иседумгодишен жител на Долна Бањица, гостиварско, заклучил малолетник во неговиот дом со намера да го силува. За среќа момчето се одбранило, по што педофилот го ослободил од заклучената соба.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, И.Е. од Долна Бањица во саботата (24-ти мај) го повикал во неговиот дом 14-годишниот малолетник, со кого од претходно се знаеле, наводно за да му помогне околу сечење дрва.
Откако детето пристигнало во куќата, влегло внатре, а педофилот ја заклучил вратата и се обидел со сила да го соблече малолетникот за да имаат сексуален однос. Момчето му се спротивставило и по речиси два часа убедување и разубедување, И.Е. ја отклучил вратата и детето заминало дома каде раскажало за случајот.
Осмничениот е приведен, а судија му определи притвор во времетраење од 30 денови. Против него е поднесена кривична пријава поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела „полов напад врз дете” и „противправно лишување од слобода”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.