Црна хроника
Уапсен расчинетиот владика Јован Вранишковски
Расчинетиот владика на Македонската православна црква, Јован Вранишковски вчера попладне, околу 17.30 часот бил уапсен на бугарско-српската граница на граничниот премин Колотина
Од Министерството за внатрешни работи, ја потврдуваат информацијата, софиското биро на Интерпол го известило скопското биро на Интерпол.Вранишковски е уапсен по меѓународна потерница која е издадена на први овој месец од македонското биро за Интерпол, по наредба на основниот суд Битола.Од МВР велат дека се во постојан контакт со бугарските колеги. Одлука на бугарските органи е дали сега на Вранишковски ќе му буде одреден екстрадиционен притвор.Ако на Вранишковски му биде одреден екстардиционен притвор, Министерството за внатрешни работи ќе го контактира Министерството за правда, кое е надлежно за ова.Јован Вранишковски беше осуден на две и пол годишна затворска казна од страна на велешкиот суд за злоупотреба на 250 илјада евра црковни пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла 11 мигранти
На влезот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.
Црна хроника
ДУИ го осуди нападот врз претседателот на ФФМ
ДУИ го осуди вчерашниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација Муамед Сејдини и изрази загриженост дека ова треба да биде силен аларм дека меѓуетничките тензии во земјата се зголемени.
„Овој инцидент се случува во време кога Владата се однесува како „бик во продавница за порцелан“, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот“, пишува во соопштението на Демократската унија за интеграција.
ДУИ тврди дека претседателот на ФФМ бил нападнат само поради неговата етничка припадност.
„Овој напад се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани. Навредливите изјави на министерката за образование, која ги навреди вработените Албанци, нарекувајќи ги „неписмен народ”, дополнително ги зголемуваат тензиите и поделбите во општеството“, се вели во соопштението на партијата.
ДУИ ги повикува органите да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој случај, а Владата сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани.
Црна хроника
Тешко повреден 72-годишен возач на електричен тротинет
Вчера околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.