Црна хроника
Со заеднички труд да се изгради „Св. Јован Бигорски“
Државниот врв, институциите и црквата повикуваат на солидарност и заедништво за што поскора изградба на изгорените делови од „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски, кај Дебар
Штетата од пожарот е непроценлива особено поради фактот што пламените јазици ја однесоа библиотеката, архивата и старите списи на манастирот, што не може да се надомести. Првичната штета се пресметува на над 5,5 милиони евра.
„Светиња и светилиште, кое не знаеше припаѓање во верата, на нацијата или било каква разлика. И тагата за Бигорски верувам дека и во овој миг, нема да направи граница меѓу сите граѓани на Република Македонија“, изјави г.г Стефан, по посетата на опожарениот објект.
Тој ја повика македонска јавност да ја сфатат несреќата како можност за збратимување и сите колку можат да помогнат во возобновување на манастирот Јован Бигорски. Според него, денешната случка треба да биде предупредување за сите нас како се грижиме за нашето културно наследство оставено од генерациите пред нас. „Во овој момент државата ќе стори се да го возобнови овој манастир, што претставува културно богатство на Македонија. Луѓето од околните села, монасите, пожарникарите, без разлика на нивното верско убедување, учествувале во спасувањето на објектот“, рече претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Тој прати апел до сите што можат да помогнат да се врати она што е изгубено во пожарот.
„ Библиотеката е неповратно изгубена, но она што можеме да го вратиме да го направиме што поскоро“, додаде Иванов.
Според министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, манастирот е културно наследство и спаѓа под заштита на државата.
„Државата имала, има и ќе има обврска да дава поддршка на обнова на културното богатство“, порача Канческа – Милевска од пред портите на изгорениот манастир.
Градоначалниците на општините Дебар и Маврово и Ростуше порачаа дека манастирот бил симбол на заедништво на заедниците, а дека сите заедно утрото се обидувале да го спасат од огнената стихија. Ветија дека ќе се организираат истот така и за негово обновување.
Побараа од надлежните институции зголемена ангажираност во расветлувањето на случајот и утврдувањето на причините за пожарот.
Во соопштението објавено по одржаната вонредна седница на Советот на општината се наведува дека градоначалникот и Советот целосно ќе му излезат во пресрет на монашкото братство и другите свештеници при овој манастир, особено во делот на снабдувањето со основните и секојдневни потреби.
„Советот апелира до населението да се сочува здравиот разум и да не се дозволи разгорување на нетрпеливост помеѓу верските и националните чувства во врска со овој несреќен случај“, се вели во соопштението и се додава дека е отворена жиро сметка 500000000 – 3835 – 65, депонент Стопанска банка АД Битола, на која може да се донираат средства за санирање на последиците од пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

