Контакт

Филм

Девито, Шварценегер и Марфи конечно во продолжението на ‘Близнаци’

Објавено пред

По повеќегодишните најави и одложување холивудските актери Дени Девито и Арнолд Шварценегер конечно би требало да заиграат заедно во продолжението на комедијата „Близнаци“ (Twins), кој ќе го носи насловот „Тројки“ (Triples), бидејќи нескладните браќа близнаци, родени со експеримент, го пронаоѓаат третиот, ништо помалку различен брат, кого треба да го игра Еди Марфи.

dobivaj vesti na viber

Дени Девито веднаш по доаѓањето во Лондон изјави дека одвај чека повторно да глуми покрај Арноол Шварценегер во продолжувањето на „Близнаци“.

Шварценегер и Девито ги играа нескладните близнаци кои биле раздвоени при раѓањето во комедијата од 1988 година. Едниот беше висок, русокос и наивен, а другиот низок и дебел, ќелав и ситен измамник. Филмот постигна голем успех и заработи 216 милиони долари.

Девито призна дека за снимањето на продолжението се разговарало со години и дека сите сакаат да го продолжат проектот, но бил потребно да се најде време. Изрази надежи дека Еди Марфи ќе им се придружи во улогата на одамна изгубениот брат, раздвоен при раѓањето на тројката.

Шварценегер, славниот бодибилдер по потекло од Австрија, која оствари солидна кариера во Холивуд, а пота од 2003 до 2011 година беше републикански гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, се врати на снимањето филмови и, како и Девито, изјави дека се надева оти проектот конечно ќе биде реализиран./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Објавено пред

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.

dobivaj vesti na viber

Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.

Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија19 минути

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија1 час

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија3 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет4 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ5 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија6 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет6 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија18 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија20 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија24 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија24 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...