Црна хроника
Поднесено обвинение за 21-годишен скопјанец за убиството на Саздо

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за убиството на Никола Саздовски, познат како Саздо.
„Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше раздвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, на 29.6.2018 година на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Тие му пристапиле на оштетениот на автобуска постојка на булеварот Александар Македонски и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите ‘А ти си тој Никола Саздовски наречен Саздо’ по што сите тројца заедно почнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски паднал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на 9.7.2018 година на одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ“, соопшти ОЈО.
Со обвинителниот акт јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.