Црна хроника
Ограбена експозитура на Уни Банка во Скопјанка
Утринава е ограбена експозитура на “Уни Банка“ во трговскиот центар Скопјанка во скопската населба Аеродром, соопштија од МВР
Од полицијата го потврдија грабежот, но засега не соопштуваат колку пари се украдени ниту пак точното време кога била извршен грабежот.Подетални информации за грабежот од МВР најавија за подоцна во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Измамен маж од Тетово: дал 2.000 евра за документи во странство, но не ги добил
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

