Европа
Лавров: Русија е подготвена да разгледа финансиска помош за Грција
Русија ќе го разгледа евентуалниот повик за финансирање на грчката влада, којашто како и самата таа е подложена на нелегитимната политика на Западот, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на заедничката прес-конференција по разговорите во Москва со грчкиот колега Никос Коциас.
„Кога станува збор за економските прашања, денеска разговаравме за финансиската ситуација во Грција, којашто, исто така, е во тешка ситуација поради едностраната и нелегитимна линија на нашите западни колеги“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Доколку ни се обрати грчката влада (со барање за финансиска помош), Русија ќе го разгледа тој повик“, истакна Лавров, кого го цитира агенцијата ТАСС.
„Ја поздравуваме конструктивната политика на грчката влада којашто се изјасни за развој на нашето стратешко партнерство без обиди за политизирања, идеологизирања и жртвување на геополитичките амбиции на трети држави. Го цениме ставот на грчката влада, кој подразбира дека е целосно контрапродуктивно со Русија да се разговара со јазикот на санкциите“, додаде Лавров алудирајќи на заканата на Грција со вето на одлуката на ЕУ за проширување на санкциите против Москва во врска со кризата во Украина.
„Постои растечко незадоволство од санкциите против Русија. Се чини дека станува збор за вистински тренд. Ние го поддржуваме таквото поставување на прашањето. Има група држави кои се залагаат за ревизија или за ублажување (на санкциите), рече шефот на грчката дипломатија Никос Кациас.
Според него, Грција има намера да ја одигра улогата на посредник меѓу Европската унија и Русија за решавање на проблемите. Додаде дека Атина предложила во Брисел да се изземат од опсудувањето односите меѓу Русија и ЕУ само преку призмата на украинската криза.
„Се надеваме дека украинската криза ќе биде надмината, и гледаме на тоа позитивно. Се надеваме дека Минска ќе бидат донесени решени, дека ќе биде изнајден компромис. Ние ќе ги почитуваме и поддржиме тие одлуки“, порача Коциас во Мосвка.
Новата грчка влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза ги возбуди духовите во Европа заземајќи помек став кон Русија во врска со украинската криза, но ги прифати правилата на однесување со продолжувањето на постојните санкции без проширување кон крајот на јануари. Во западните медиум не остана не забележано и тоа што рускиот амбасадор во Атина веднаш следниот ден по инаугурацијата беше првиот странски претставник воопшто кој беше примен од новиот грчки премиер Алексис Ципрас.
Исто така, се одбележува и поканата што Ципрас ја прифати да ја посети Москва на 9-ти мај, на рускиот национален празник Денот на победата, а во меѓувреме е поканет и министерот за одбрана Панос Каменос, кој пак го води помалиот коалиционен партнер десничарската националистичка партија Независни Грци. Откако членовите на новата влада во Атина неколкупати јавно ги искажаа проруските симпатии, во Брисел се јави сомнежот за можна стратешка преориентација на дипломатијата кој на земјата којашто е членка на ЕУ од 1981 година.
Шефовите на дипломатиите на двете земји, исто така, разговараа за „одличните шанси“ за руско-грчкото партнерство во секторот на енергијата, водејќи сметка за интересите на Атина, за гасоводот кој Русија има намера да го изгради преку територијата на Турција до грчката граница за испорака на рускиот гас на Европа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

