Регион
Пробиен кордонот во Хрватска, река од бегалци во Словенија

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ во вторникот изјавил дека повеќе од четири илјади бегалци од Блискиот исток утрото го пробиле полицискиот кордон и влегле во Хрватска, пренесуваат српските медиуми.
„Помеѓу четири и пет илјади бегалци влегоа во Хрватска на тој начин што го пробија полицискиот кордон, ги скршија жиците и оградите, но овој проблем не се решава со жици и огради“, рекол Стефановиќ, додавајќи дека Србија очекува „веќе оваа недела“ некаква реакција од Европската унија (ЕУ) по повод бегалската криза.
Во моментов нема тензии, а бегалците сами се организираат и во групо од по 50 лица заминуваат на граничните премини во Хрватска. Тамошните медиуми во вторникот јавија дека стотина бегалци поминале без одобрение од хрватската полиција кај контролираниот граничен премин Бапска – Беркасово, кој утрово беше затворен, а околу две илјади бегалци потоа од страна на полицијата биле пуштени да поминат.
Телевизијата N1 јавува дека повеќето од бегалците го загубиле трпението и дека во Хрватска влегуваат и преку околните овоштарници. Полицијата ги повикувала да се вратат, но на ниеден друг начин не можела да ги спречи да влезат во Хрватска.
Vecerni list пак наведува дека полицијата околу пладне пропуштила околу две илјади бегалци преку преминот Бапска, а голем број на луѓе и натаму пристигнуваат до Беркасово на српска страна, каде има присуство и на српската полицијата.
Бидејќи Словенија последните два дена делимично го блокирала прифаќањето на бегалците, Хрватска исто така го успорила приемот на бегалци на подрачјето на Бапска, па поради тоа било воведено контролирано прифаќање. Хрватските медиуми известуваат дека бегалците на сите можни начини се обидуваат да влезат во Словенија, која го успорила нивното прифаќање, па често поминуваат и преку „зелената граница“.
Хрватска организирано ги носи бегалците на претходно договорените гранични премини, но и близу „зелената граница“, па така тие и самите поминуваат преку неконтролираните премини. Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ неколку пати повторил дека Хрватска може да задржи само половина од оние кои влегуваат во земјата, но дека останатите мора да се упатат потоа кон Словенија, која порача дека го прави истото, бидејќи бегалците се наоѓаат само во транзит и сакаат да одат во западните земји од ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.