Регион
Еден од бомбашите во Анкара брат на напаѓачот од Суруч
Еден од двајцата бомбаши самоубијци кои го извршија најкрвавиот терористички напад во турската историја на 10-ти октомври во престолнината Анкара во кој загинаа најмалку 102 лица, во понеделникот беше идентификуван како Јунуз Емре Алаѓоз, брат на бомбашот самоубиец Шејх Абдурахман Алаѓоз во чиј напад, за кој одговорноста ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава, на 20-ти јули годинава во југоисточниот град Суруч загинаа 33 припадници на левичарските прокурдски младински движења, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара.
„Еден од извршителите на двојниот бомбашки напад во Анкара, е идентификуван како Јунуз Емре Алаѓоз. Ликот на другиот бомбаш самоубиец се утврдува преку фотографиите и фото-роботот и се извршени низа тестови за да се открие неговиот или нејзиниот идентитет“, се додава во соопштението на обвинителството на Анкара испратено до медиумите.
Обвинителството наведува дека Алаѓоз допатувал во Турција од Сирија, но не се дава временска рамка за неговото враќање во татковината, пренесува агенцијата Anadolu.
Претходно во неделата дневниот весник Hürriyet објави дека браќата Алаѓоз, се меѓу вкупно 16-те осомничени за припадност на екстремистичка група поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и со џихадистичката Исламска држава, како и оти тие биле под надзор и прислушување на турските безбедносни служби во септември 2013 година, во рамките на истрага против Ал Каеда.
Меѓутоа, прекината била истрагата поведена тогаш од обвинителството на југоисточната покраина Адијаман, против припадниците на групата наречена „Dokumacis“, меѓу кои и за браќата Алаѓоз кои се ставени на списокот на осомничени од турските полициски сили и Националната разузнавачка агенција (MIT).
Обвинителството на Анкара, исто така, соопшти дека биле приведени четири лица поради нивните активности на социјалната мрежа Twitter, кои наводно пишувале за нападот од 10-ти октомври пред тој да биде извршен. Тројца од нив биле ослободени, а на еден му е забрането да ја напушта Турција, според обвинителството.
Се наведува и дека уште други 20 лица се под истрага за нивни наводно врски со двајцата бомбаши-самоубијци, 11 биле приведени, а четворица од нив подоцна се задржани во притвор. Деветмина од осомничените исчезнале „поради неодговорните медиумски извештаи во кои беа идентификувани осомничените со нивните иницијали“, смета обвинителството.
Соопштението на анкарското обвинителство следеше откако судот во турската престолнина ја отстрани широката забраа за медиумски извештаи во врска со самоубиствениот напад воведена на 14-ти октомври.
Во рациите во домови и работни места на осомничените, полицијата запленила 10 елеци кои ги користат бомбашите-самоубијци, 60 килограми ТНТ и повеќе од 1.500 килограми алуминиум нитрат, кој често се користи во импровизираните експлозивни направо, соопшти уште обвинителството во Анкара./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.