Црна хроника
Десет играорци од Босна затруени со храна
Вчера во 23 часот и 55 минути во кичевската полиција, Државен санитарен здраствен инспектор, пријавил дека во медицинскиот центар во Кичево, околу 18 часот примени се десет лица странски државјани од Босна и Херцеговина
Гостите биле приемни на инетрното оделение на третман и примање соодветна терапија како резултат на труење со храна. Тие биле играорци од културно уметничко друштво „Веселин Маслиша“ од Сараево, кои престојувале во Охрид во студенски дом „Никола Карев“. Тие вечерале во студентскиот дом и се упатиле кон Кичево каде имале закажано учество на Меѓунареден фолклорен фестивал, во попладневните часови кога и ги добиле првите симптоми на труење со храна по што се пренесени во медицинскиот центар во Кичево.По укажаната лекарска помош од страна на персоналот на центарот и примената соодветна терапија, истите се пуштени на домашно лекување и 30 минути по полноќ се упатени за Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 37-годишник од Богранци, криумчарел мигранти од Сирија
На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.