Свет
ОН: Пандемијата на Ковид-19 ја зголеми екстремната сиромаштија во светот

Поради пандемијата на коронавирус, бројот на луѓе во светот на кои им е потребна хуманитарна помош за да преживеат достигна нови рекорди, соопшти Организацијата на Обединетите нации – ООН, истакнувајќи дека екстремната сиромаштија драматично се зголемила за само една година.
На едно од 33 лица ќе им треба помош за да ги исполнат основните потреби како што се храна, вода и санитарни услови во 2021 година, што е зголемување за 40 проценти оваа година, се вели во во глобалниот хуманитарен извештај на организацијата.
Тоа значи дека на 235 милиони луѓе ширум светот им е потребна помош, претежно во Сирија, Јемен, Авганистан, Демократска Република Конго и Етиопија, се додава во извештајот.
„Кризата не е завршена“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
„Во буџетот за хуманитарна помош недостасуваат сè повеќе пари како што се влошува глобалната пандемија“, додава Гутереш.
Државите дадоа рекордни 17 милијарди долари во 2020 година за заеднички хуманитарен одговор, опфаќајќи 70 проценти од луѓето во неволја, што е зголемување за 6 проценти во споредба со 2019 година, се наведува во извештајот.
Но, ОН предупредија дека собрале помалку од половина од 35 милијарди долари, потребни за борба против раширениот глад, борба против сиромаштијата и чување на децата во училиштата, при тоа ги повика побогатите земји да дадат финансиски придонес.
„Богатиот свет сега може да ја види светлината на крајот од тунелот“, рече во изјавата претставникот на ООН за хуманитарни активности Марк Лоукок. „Тоа не важи за најсиромашните земји“, додаде тој.
Земјите ширум светот се вели дека постигнуваат постојан напредок од 90-тите години во намалувањето на екстремната сиромаштија, која Светска банка, мултилатерален заемодавач за развој, ја дефинира како живот со 1,90 долари или помалку на ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.