Македонија
(Видео) Костовски: СДСМ е јасен, нема разговори за македонски јазик и македонски идентитет, тие се потврдени

СДСМ е јасен, нема разговори за македонски јазик и македонски идентитет, тие се потврдени, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на новинарско прашање зошто СДСМ упорно не сака прашањето околу преговорите и разговорите со Бугарија да се најде на разговор во Собранието, дали преку Комисијата за надворешни работи или, пак, на пленарна седница, имајќи ги предвид последните случувања коишто се драматични и укажуваат на вето?
„Дали треба да разговараме дека сме Македонци што зборуваат македонски јазик? Оној којшто смета дека за тоа прашање треба да се разговара, слободно може да разговара но не во македонското собрание. За Социјалдемократскиот сојуз и мнозинството во собранието за ова прашање нема простор за разговор. Ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик“, изјави пратеникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-Народна за изборите: Коректна и фер атмосфера

ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина, како што оценуваат од оваа партија, во претежно коректна и фер атмосфера.
„ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа: во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.
Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.
ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта“.
Македонија
Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, убаво сте излезени на сликава важно

Екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.
„🧱🚧🏗️🧱 + ѓубре. Нека ви се честито дивоградбите. Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно. За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години.
Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.
ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години
ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа
ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП
ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.
Убаво сте излезени на сликава важно“, напиша Арсовска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС

Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДС има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места. Да е трагедијата уште поголема, на неколку места во државата, СДС е трета, четврта и пак петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје. СДС си го изгуби и бастионот Струмица и тоа уште во прв круг, а тенденциите се дека ќе ги изгуби скоро сите општини каде се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.
Затоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС.
„Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз. Нам ни е потребна опозиција која ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет, како Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.