Црна хроника
Во големиот пожар во Тетово пет семејства останаа без покрив над глава

Пет семејства или околу 20 членови на семејствата останаа без покрив над главата во пожарот којшто избувна во тетовската населба „Котлук“.
Увидот започна предмалку бидејќи полицајците не можеле се досега да ја извршат својата работа поради високата температура којашто ја предизвикал пожарот.
Причините за пожарот сè уште не се познати, а од СВР Тетово велат дека е тешко да се утврдат со оглед на тоа што огнот пеплоса сè.
Во пожарот нема повредени, но изгореа во целост петте куќи на браќата кои живееле во нив. Спасени биле три објекти во близина на изгорените куќи за коишто постоела опасност да ги зафати огнот.
Пожарот бил пријавен во 6.30 часот по што веднаш реагирале противпожарните екипи. Огнот најпрвин ги зафатил покривите на куќите, но поради староста на објектите брзо се проширил./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.