Свет
Пратениците од Њујорк предложија закон со кој вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна

Демократите во САД вчера во Народното собрание предложија закон со кој се наложува вакцинацијата против Ковид-19 да биде задолжителна во Њујорк. Предложениот закон се најде на удар на критичарите, кои потсетија на законот за абортус од минатата година и прашаа: „Каде заминаа нашите права за контрола на сопствените тела?“
Законот, предложен од страна на демократката Линда Розентал од Менхетн, беше претставен во Собранието, каде што таа нагласи дека вакцината ќе биде задолжителна во одредени ситуации. А подоцна, пак, било наведено дека законот би важел за сите поединци или групи за кои, според клиничките податоци, е докажано дека се безбедни за примање на вакцината.
Законот би бил активиран доколку службениците од јавното здравство утврдат дека жителите на Њујорк не развиваат доволен имунитет на Ковид-19. Единствен исклучок би биле луѓето што имаат исклучоци напишани од страна на своите лекари од медицински причини.
Притисокот за воведување задолжителна имунизација е ироничен пресврт во Њујорк, каде што гувернерот Ендру Куомо изрази сомнеж за тоа дали да ѝ се верува на вакцината што ќе ја одобри администрацијата на Трамп. Тој го опиша потенцијалното пристигнување на вакцината како лоша вест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.