Црна хроника
Турска донација за реновирање на објект на Криминалистичката полиција
Реновираниот објект на Криминалистичката полиција -Единица за истрага на место и вештачење ќе биде предаден во употреба во петок во полициската станица Кисела вода.
Станува збор за донација на Турска Агенција за Соработка и Координација (ТИКА)Предвидено на свеченоста да присуствува вицепремиерот на турската влада Бекир Боздаг, а објектот ќе го пушти во употреба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дрвокрадци во Прилеп, со „лада“ носеле дрва и моторни пили
Во атарот на село Степанци, на местото „Црници“ во Општина Чашка, вчера од страна на полициските службеници од СВР Велес беа затекнати 64-годишниот И.Ш. и 33-годишниот Е.А, двајцата од Прилеп, кои пренесувале дрва без соодветна документација.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, од нив било одземено патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва и две моторни пили.
Од СВР Велес, најавија дека по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе угостителски објекти, при што лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.
Како што соопштија од МВР, при преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.
Од МВР потенцираат дека при контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.
Црна хроника
Улично куче искаса маж во Скопје
Маж бил каснат од улично куче во Скопје, а настанот го пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров.
„На 24.05.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Н.(53) од Скопје пријавил дека на ул. ‘Исаија Мажовски’ во Скопје бил каснат од куче скитник“, соопшти МВР.