Црна хроника
Запленети 76 килограми марихуана
Полицијата заплени 76 килограми висококвалитетна марихуана спакувана во 90 пакувања со различна тежина.
Дрогата била илегално внесена од Албанија во Македонија со глисер преку Охридското езеро, каде што била подготвувана за транспорт во Хрватска.
Организатори на групата која шверцувала дрога бил еден Македонец и еден Хрват, а во шверцот учествувале и уште двајца други Македонци и четворица Босанци.
Организаторите се во бегство, а другите шестмина членови на групата се уапсени.
Дрогата била запленета синоќа половина час по полноќ на автопат Скопје-Куманово, поточно кај бензинска пумпа Дени -Шпед во резервните тркала во камион „МАН“ со босански регистарски ознаки и приколка управувано од државјанин на Босна.
Во акцијата „Адриа“ биле направени пет претреси во Охрид, каде била пронајдена половина тон риба, крап и пастрмка која била нелегално ловена и била продавана по охридските кафани.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски вели дека дрогата е висококвалитетна без семки и хрватскиот пазар достигнува околу 160.000 евра додека во малопродажба би достигнала над 300.000 евра.
Доколку истата потоа би била транспортирана во земјите од ЕУ, нејзината цена на наркопазарите би била двојно поголема. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.