Црна хроника
Во Велес повторно средношколска тепачка
Во тепачка во Велес повреден е 18-годишен ученик. Тепачката се случила во кругот на гимназијата „Кочо Рацин‘‘ во Велес, во средатаа навечер околу 19 часот
Осуманесетгодишниот П.Х од Башино Село, во тепачката се здобил со повреди по главата и телото. Нападот според првичните информации на велешката полиција го извршиле тројца ученици.По нападот во кругот на гимназијата по анонимен повик дошла екипа на велешката полиција која повредениот ученик го однела на лекување во Градската болница.Гимнацијалецот е задржан на лекување во велешката Градска болница. Според информацијата од д-р Филип Тодоровски од хируршкото одделение, средношколецот бил примен со потрес на мозокот со расцепна рана на носот, со скршеница на носната коска и други скршеници на коски на лицето и е надвор од животна опасност, но поради повредите е задржан на лекување и опсервација во болницата. Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информираше дека полицијата има сознанија за можните сторители на нападот врз ученикот и работи на нивно откривање, по што ќе следи соодветна пријава против нив.Пред две седмици СВР Велес ја расветлуви тепачката во училишниот дворот на средните училиште „Димитрија Чуповски“ и „Кочо Рацин“.Тогаш исто така велешката полиција доби дојава за тепачка, по што веднаш пристигнала на местото на настанот каде ги затекнала повредените А.Џ. (16) и С.А. (18) и двајцата од велешкото село Бузалково.По расчистувањето на случајот се испостави дека оваа тепачка од крајот на октомври е одмазда на македонски средношколци за натепан другар од пред некој ден од старна на нивните врсници од албанска националност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство
Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат.
Обвинетиот 37-годишник, при вршење семејно насилство во семејниот дом во Марино, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата.
„Иако брат му бил сериозно повреден од ударите и изгубил свест, обвинетиот воопшто не се обидел да му помогне, туку легнал да спие. Следниот ден утрото забележал дека брат му лежи на истото место во локва крв, но повторно го оставил, а настанот го пријавил дури неколку часа подоцна. На оштетениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди со кои му бил загрозен животот“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Топ
Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест
По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.
Во акцијата беа уапсени 12 лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се сомничи за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против сите 12 лица. Постои основано сомнение дека во периодот од април 2025 година до декември 2025 година тие создале и станале припадници на злосторничко здружение организирано за вршење кривични дела казниви со затворска казна од најмалку три години.
Првоосомничениот, од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Република Северна Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.
Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги.
Првоосомничениот, како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. Еден од осомничените неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека друг го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи. Дополнително, еден од осомничените, покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога – кокаин.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе достави предлог оваа мерка да биде определена спрема сите осомничени.
фото/илустрација/депозитфотос
Црна хроника
Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје
Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога.
Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.
Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

