Црна хроника
Нафтени компании со лажни фактури од „Окта“ заработиле над 500.000 евра од затајување данок
Нафтени компании го оштетиле буџетот за над 500.000 евра преку поврат на ДДВ со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од Рафинеријата Окта од Скопје.
Главен организатор на криминалната група е лицето Р.В(47) од Скопје, сопственик и управител на фирмата Марели-Импекс ДООЕЛ од Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот Р.В(47) во својство на управител, сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, во периодот 2011-2015 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во сметководството на фирмите употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија Окта.Финансиската полиција кај дел од осомничените изврши претрес на дом, деловни простории и возила при што се пронајдени бланко фактури со печати од една од фирмите кои учествувале во „нафтениот бизнис“ како и 15 фалсифувани фактури наводно издадени од Рафиеријата Окта од Скопје на правното лице Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 369.000 евра со вкалкулиран ДДВ и 28 фалсификувани фактури во вкупен износ од 1.015.000 евра со вкалкулиран ДДВ исто така со логото и меморандумот на Рафинеријата Окта од Скопје, наводно издадени на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот Р.В(47) свесен дека разработената криминална шема за брзо и лесно богатење на сметка на државната каса нема да биде во можност да го реализира само преку неговата фирма Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје која била презадолжена и не била ликвидна за натамошни кредитни оптоварувања, во криминалната игра ја вклучил и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје фирма во сопственост на неговиот пријател и бизнис партнер З.Д кој подолг период е на привремена работа во странство.Управата за финансиска полиција во насока на целосно расчистување и документирање на случајот, изврши проверки и во Рафинеријата Окта во Скопје при што во целост се потврди сомневањето за сторен финансиски криминал од страна на првопријавениот Р.В(47). При проверка во интерниот електронски систем на Окта Рафинерија АД Скопје утврдено е дека купувачи со такви називи на фирми не постојат и дека со истите никогаш рафинеријата немала деловни односи. Воедно при контролата во Рафинеријата Окта утврдено е дека меморандумот на кои се изготвени сомнителните фактури не одговара на образецот кој се користи од страна на Окта Рафинерија АД Скопје во годината на која се однесуваат истите. Употребениот меморандум Окта Рафинерија АД Скопје го употребувала во 2008 година, 2009 година и 2010 годин, а по 2010 година истиот содржински е изменет и не одговара на оној кој е употребен од страна на пријавениот Р.В(47). Истрагата на Финансиската полиција покажа дека и потписот на одговорното лице од Рафинеријата е фалсификуван, фалсификуван е и печатот кој е употребен на фактурите а се разбира за да се затскрие криминалната шема, фалсификувани се и сите испратници на кои како транспортери на наводно набавената нафта евидентирани се непостоечки камиони и возачи.Во шемата за лесно богатење и прикривање на криминалот се вклучил и сметководителот на Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, четириесет и седум годишниот С.Р од Скопје, кој иако бил свесен дека нема нафта набавена од Рафинеријата Окта од Скопје, преку неговото сметководствено биро, на главниот организатор му помагал во изготвување на огромен број на цесии, компензации и асигнации со разни коминтенти се со цел губење на трагите од нафтата која впрочем никогаш и не била набавена. Организаторот на криминалната шема Р.В(47) веднаш откако е разоткриен во неговите финансиски малверзации, нелегално ја напуштил Македонија и истиот се уште е недостапен за органите на прогонот и по него ќе биде распишана меѓународна потерница.Финансиската полиција поради постоење на сомневање за финансиски криминал и кај поголем дел од коминтентите на двете осомничени фирми, презема дополнителни активности за проверка на поголем број сомнителни финансиски трансакции што овие фирми ги имале со сега пријавените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

