Црна хроника
Масовна тепачка во Идризово

Затвореници од албанска националност од отвореното одделение на затворот во Идризово синоќа околу 22 часот нападнале затвореник од ромска националност кој се здобил со повреди по главата и телото, соопштуваат од МВР
Петтемина затвореници влегле во собата на повредениот затвореник и го нападнале. Во негова одбрана застанеле неколкумина други затвореници при што настанала масовна тепачка.Во тепачката биле користени метални шипки, дрвени палки, ногарки од маси, ножеви и други предмети.Во паника другите затвореници почнале да бегаат преку прозорецот каде што биле пречекани и нападнати од друга група затвореници.Обезбедувањето веднаш реагирало и по кратко време ситуацијата била ставена под контрола. Двајца од затворениците завршиле во Ургентниот центар, а во Градската болница тројца затвореници, кои по укажаната лекарска помош биле вратено во затворот.Само еден од повредените е задржан во арестанското одделение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.