Црна хроника
Ја нападнал мајката на девојката, а таа испила течност за чистење шпорети
Семејна и љубовна драма се случувала синоќа во Струмица. На улицата „Братство“ вчера околу 19 часот дошле тројца струмичани во куќата во која живеела малолетната девојка на еден од пријателите
Едниот од нив носел секира со себе и го барал таткото на девојчето. Родителот не бил тука па затоа почнале да се расправаат со нејзината мајката која претходно живеело невенчано со еден од нив.Во еден момент, еден од тројцата физички ја нападнал мајката на девојчето и ја удрил со дрвен предмет во пределот на телото, по што жената паднала на земја.Потоа замавнал со секирата и и нанел гребнатина на прстите од раката. Во меѓувреме во куќата влегло вознемирено дванаестгодишното девојче. Зела пластична туба во која имало хемиско средство за чистење на шпорети и ја испила.Девојката е пренесена во медицинскиот центар во Струмица, каде и е укажана лекарска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.