Европа
Оланд исклучува копнена операција во Сирија и предлага самит за Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја исклучи во понеделникот копнената воена интервенција на француски војски во Сирија, а исто така повика на скоро одржување самит на таканаречената „нормандиска четворка“ за регулирање на ситуацијата во Украина, по што би можел да предложи укинување на санкциите против Русија.
„Би било недоследно и нереално да се испратат француски во копнена операција во Сирија. Нема да влеземе во копнена интервенција“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на традиционалната полугодишна средба со новинарите во Париз.
Меѓутоа, Оланд потврди дека наредил од вторник над Сирија да започнат да се изведуваат извидувачки летови за да може да се гаѓаат цели на Исламската држава.
„Побарав од министерството за одбрана од утре да спроведува извидувачки летови над Сирија. Тие ќе овозможат удари против Даеш (арапски акроним за Исламската дражва з.м.), со зачувување на автономијата на нашите акции и одлуки“, додаде францускиот претседател.
Неговата изјава се толкува како сигнал дека станува збор за автономна одлука на Франција, како и дека таа ќе се спроведува без Франција да се приклучи на коалицијата којашто ја водат САД.
Претходно во неделата сириското министерство за надворешни работи објави дека испратило два дописа до Обединетите нации во кои протестира против „дрскиот став“ на британските функционери и ги обвинува Велика Британија и Франција дека имаат „колонијалистички“ претензии кон нејзината територија.
Оланд, исто така, сугерираше одржување состанок на челниците на Франција, Германија, Украина и Русија во Париз кој крајот на септември, пред одржувањето на Генералното собрание на Обединетите нации, на 28-ти септември, за да се постигне натамошен напредок во мировните преговори.
„Процесот отиде натаму. Постои напредок последните неколку седмици. Прекинот на огнот речи во целост се почитува. Министрите за надворешни работи ќе разговараат во текот на следните неколку дена, а јас предлагам состанок на челниците во Париз пред Генералното собрание на ОН, за да можеме да го процениме напредокот и да го доведеме до крај“, рече Оланд.
Нагласи дека ќе го поддржи укинувањето на санкциите на Европската унија против Русија, доколку успее мировниот процес во Украина./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин