Европа
Франција ќе прими 24.000 бегалци за две, а Британија 20.000 за пет години
Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди во понеделникот дека Франција ќе прими 24.000 бегалци во рамките на плановите на Европската унија да прифати повеќе од 120.000 во следните две години, а додека британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека Велика Британија ќе прими до 20.000 бегалци од Сирија но во следните пет години, одговарајќи со тоа на сé погласните забелешки од европската јавности Кралството да им помогне на овие луѓе.
„Предлагаме Велика Британија да прими до 20.000 сириски бегалци до крајот на мандатот на овој парламент. Со тоа ќе му покажеме на светот дека ова е земја на посебно сочувство“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во својот говор во парламентот, пренесува Reuters.
Велика Британија, Ирска и Данска во мај одбија да учествуваат во планот за распоредување на бегалците и мигрантите во земјите членки на ЕУ според квотите, кои почиваат врз параметрите за големината на земјата и тамошната економија, невработеноста и поранешното учество на дадената земја во згрижување на бегалци и мигранти.
„Европската комисија ќе предложи распределување на 120.000 бегалци во текот на следните две години, а за Франција тоа ќе изнесува 24.000 луѓе. Ние тоа ќе го исполниме. Тоа е задача на Франција“, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд на прес-конференцијата во Париз додавајќи дека правото на азил е „темелниот принцип на нашите институции, тој дури е и запишан во нашиот устав“.
Оланд го бранеше својот предлог, изнесен заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, распределбата на бегалците меѓу земјите од Европската унија да биде „задолжителен механизам“.
„Ова е криза, и тоа тешка и драматична. Може да биде ставена под контрола и ќе биде“, додаде Оланд на традиционалната полугодишна прес-конференција. Потсети дека од почетокот на 2015 година 350.000 луѓе го минале Средоземјето за да дојдат во Европа, како што истакна „многу, трипати повеќе отколку минатата година“. Тој, иста така, предложи во Франција да се одржи меѓународна конференција за бегалците. „Париз е подготвен да биде домаќин на собирот“, порача францускиот претседател.
Оланд индиректно ги критикуваше Унгарија, поради градењето на оградата на граница со Србија, и Словачка, која се изјасни дека би примила само сириски бегалци христијани велејќи дека „Има земји коишто сакаат етнички критериуми кои би ги примиле овие или оние, според верата…. Има земји кои сакаат да градат ѕидови и да не преземат ниеден бегалец“.
Нагласи и дека со соработката, којашто инаку воопшто не е ниту започната, со транзитните земји и дејствувањето во земјите од коишто потекнуваат бегалците, траба да се направи обид да се избегне „хуманитарната криза од гигантски димензии“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.