Црна хроника
Скопјанка пронајдена мртва во станот со повреда на черепот

Скопјанка била пронајдена мртва во нејзиниот стан во скопската населба Аеродром, соопшти МВР.
Соседите пријавиле во полиција дека од станот се ширела смрдеа, па полицијата кога влегла во станот на булевар Јане Сандански, го пронашла мртвото тело на 58-годишната скопјанка која живеела сама.
Телото на жената било во фаза на распаѓање со повреда на черепот. Телото е предадено на обдукција којашто треба да утврди како настанала повредата на черепот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени четворица крадци од Скопје, одзеле повеќе предмети од објект на ЈП „Железници“

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.
Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари. На 14.04.2025, при обид да извршат „тешка кражба“ во објектот, тие биле затекнати и лишени од слобода од полициски службеници.
Од страна на Судија на претходна постапка на Е.З., Р.Д. и С.Д. им била одредена мерка притвор во траење од осум дена, а на А.А. му била изречена мерка домашен притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Кичевец дивеел во градот – нападнал ученици, таксист, обезбедувач и полицаец

Дваесет и осумгодишен Кичевец дивеел низ градот – тој нападнал таксист, потоа во две училишта нападнал ученици и вработени, подоцна се упатил кон болницата во Кичево, каде што го повредил вработениот кој го обезбедувал објектот. На крајот го нападнал и полицаецот кој што го привел.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници го пиведоа Е.З.(28) од Кичево.
На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал неколку ученици и вработени, физички нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ограбени малолетници на автобуска станица во Скопје: уапсени тројца разбојници

Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 19-годишниот С.А. од село Кондово, скопско, 22-годишниот М.И. и 20-годишниот Р.Ф., двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.