Спорт
Кил ја „скроти“ Барса и го наследи Вардар како европски шампион
Кил на Филип Јиха почна силно, и не попушти цел натпревар, за на крајот да стигне до 33:28 (19:16) победа над Барселона во финалето на ЕХФ Лигата на шампионите и по четврти пат да стане европски шампион, осум години по легендарниот успех во 2012 година.
Предводени од фантастичниот Никлас Ландин на голот, германскиот шампион водеше во текот на првото полувреме, правејќи 13:9 предност, пред Барса да се врати за 15:15, но потоа повторно да загубат ритам и да дозволат Кил да има 19:16 на полувреме. Барселона не успеа да направи уште еден камбек, а Кил ја оддржуваше предноста на +5 за конечни 33:28.
Никлас Екберг со осум и Сандер Сагосен со седум гола беа клучните ракометари за Кил, додека за Барса не помогнаа десетте гола на Алекс Абелјо.
Ова е четврти трофеј од ЛШ за Кил по тие во 2007, 2010 и 2012 година, додека Барселона ќе почека за десетти трофеј, откако последниот го освои во 2015. Претходно, Пари Сен-Жермен ја обезбеди бронзата со победата над Веспрем, во необична декемвриска завршница на Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, поради пандемијата на КОВИД-19, поради која Вардар не доби шанса на терен да ја брани титулата – четирите учесници на Фајнал фор беа одредени така што се земаа двете најдобропласирани екипи во двете групи.
WATCH: Gorgeous! @aronpalm & @AitorArino13 @FCBhandbol #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/gtt4xO7Tlb
— EHF Champions League (@ehfcl) December 29, 2020
WATCH: @Niklas_Landin keeps @thw_handball three ahead ⛔️#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/bjw3Omg58K
— EHF Champions League (@ehfcl) December 29, 2020
WATCH: @PerezdVargas on ?!@FCBhandbol #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/3pbv9j1gAe
— EHF Champions League (@ehfcl) December 29, 2020
WATCH: @aleixgomez11 fights back for @FCBhandbol #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/1o7PQeNFhu
— EHF Champions League (@ehfcl) December 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).