Спорт
Драма на „Олд Трафорд“ – Рашфорд со гол во 94. минута ги однесе Јунајтед на само -2 од Ливерпул!
Манчестер јунајтед станаа „експерти“ за драма оваа сезона во Премиер лигата, откако Маркус Рашфорд во 94. минута, конечно, го „скрши“ отпорот на Вулверхемптон за 1:0 победа со која се искачуваат на второто место на табелата со само два поени заостанување зад лидерот Ливерпул.
Во првото полувреме двата тима имаа доста шанси за гол – Бруно Фернандеш излезе сам пред Ру Патрисио, но голманот одлично реагираше, додека „волците“ имаа греда преку Саис, и уште една убава одбрана на Давид де Хеа.
„Ѓаволите“ го кренаа темпото во второто полувреме, и во 70-тата минута, Единсон Кавани ја смести топката во голот, но тој беше поништен поради офсајд.
RASHFORD’s GOAL 1-0. ? pic.twitter.com/z7afDgnRSt
— Alex (@GeniusMUFC) December 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот.
Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та минута/
Во истата група, како гостин, Франција го победи Азербејџан со 3:1 и го потврди првото место.
Во К групата, во пресрет на последната рунда беа решени сите дилеми. Англија избори пласман на СП, а Албанија ќе игра во баражот.
Во Тирана, Англија со головите на Хари Кејн ја победи Албанија со 2:0. Англичаните со максимални осум победи и гол разлика 22:0 го завршија овој квалификациски циклус.
Досега, само четири репрезентации ги завршија квалификациите за Светското првенство со 100% учинок и без примен гол: Германија (2018), Шпанија и Холандија (2010) и Западна Германија (1982).
Србија по пресврт во втриот дел успеа да слави над Летонија со 2:1. Летонвите водеа по првиот дел со голот на Гутковскис. Во второто полувреме, играчите кои влегоа од клупата го режираа пресвртот, ветеранот Катаи и синот на легендарниот српски ас Дејан Станковиќ, Александар.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.

