Црна хроника
Во Велес полицаец пукал по крадци
Полицијата трага по лицата кои синоќа ја ограбија продавницата „Мастер Нет Електроник“ од кои дел се повредени оти во нив пукал полицаец
Вечерта кон понеделник околу 01:10 по полноќ три засега непознати и маскирани лица извршиле грабеж во продавница за компјутери друга техничка стока. При обидот за кражба биле забележани од полициски службеник кој во тој момент не бил на должност туку седел дома во стан над продавницата лоцирана во кулата спроти поштата.Полицаецот ги видел како украдената стока ја ставаат во багажник на автомобил по што ги предупредил со зборовите „Стој полиција“ но крадците продолжиле и тој испукал неколку куршуми во воздух ,а откако се посомневал дека од возилото кон него е вперена пушка стрелал кон автомобилот.„Полицаецот е на должност 24 часа. Неговата постапка да пука е сосема исправна ,ако се знае дека за ова дело тешка кражба предвидена е поголема затворска казна од четири години„вели Анита П. Стојановска портпарол во СВР Велес.Крадците сеуште се во бегство. Според исказот на полицаецот кој е очевидец на настанот тие возеле автомобил без регистарки таблички и биле маскирани. Истрагата засега осомничи нреколку лица ,но со сигурност не може да се потврди.„Според пријавата крадците украле осум лап – топ компјутери и два LCD телевизори. Тоа е штетата која ја направиле и истата е потврдена од сопственикот„вели Стојановска.Од полицијата велат дека возилото со кое побегнале крадците е забележано на сигурносна камера во бензинската пумпа која е оддалечена неколу стотина метри од местото на настанот.Во последно време продавниците со ваква стока се редовна мета на крадците ,затоа што таа најлесно може да се продаде на црниот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вчера уапсени седум лица: возеле без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.
Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

