Контакт

Hitech

Новите iPad-и на Apple со скромни подобрувања

Објавено пред

Новите модели на уредите на американскиот технолошки гигант Apple од линијата iPad, се побрзи и потенки, но имаат само скромни подобрувања во однос на претходните модели, но сепак поедини аналитичари истакнуваат дека нудат уште неколку можности коишто можеле да ги одушеват потрошувачите пред традиционалните празнични купувања пред крајот на годината, за кои се очекува дека ќе бидат преплавени со нови модели на мобилни уреди.

dobivaj vesti na viber

На претставувањето на новиот уред во четвртокот навечер во Купертино, извршниот директор на Apple, Тим Кук ги нарече новите производи, коишто го вклучуваат о новиот iMac компјутер со нов квалитетен екран, најдобрите во историјата на компанија. Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека Apple може да има проблеми да ја разгори истата страст по неговите таблети, имајќи предвид дека во последните неколку години на потрошувачите им се нуди изобилство од мини уреди со екрани на допир.

Кук и потпретседателот на Apple за маркетинг, Филип Шипер на прес-конференцијата презентираа дека новите уреди содржат многу нови технички и дизајнерски решенија. Приказот на екранот на двата модели на таблетите е поголем, а покрај тоа, тој е прекриен со специјален анти-рефлективен слој и сега „свети“ 56 отсто помалку, отколку претходните модели таблети.

Преднарачките за поголемиот iPad Air 2 започнуваат во петок по цена од 499 долари и повеќе, а се доставуваат од почетокот на следната седмица. Помалиот iPad Mini 3 ќе чини 100 американски долари помалку. Новиот iMac кои има оперативен систем Yosemite ќе чини 2.499 долари.

Графичкиот процесор работи за 2,5 пати побрзо,а процесорот A8X работи за 40 отсто побрзо, отколку кај претходните модели, но времето за оперативното полнење на батеријата не е намалено и останува до десет часа . Новите таблети се снабдени со скенер за отпечатоци од палците на корисниците, што го зголемува нивото на безбедноста, а покрај тоа, сопствениците на таблетот ќе бидат во можност да ги плаќаат своите купувања преку вградената апликација во онлајн продавниците без внесување на бројот на кредитната картичка.

Покрај своите iPad-и, Apple го претстави и својот досега најмоќен iMac кој има екран Retina 5K и е со четиријадрен процесор Intel Core i5. Компјутерот има дисплеј од 68,6 сантиметри во пречник и со резолуција од 5.120 на 2.880 пиксели, двојно повеќе отколку претходната верзија.

Презентацијата на новите уреди на Apple не мина без софтверските новитети на компанијата. Беше презентирана првата значително обновен за мобилните уреди оперативниот систем iOS 8- верзијата 8.1. Комплетната листа на иновации ќе биде објавена во понеделник, кога и ќе стане достапна за преземање. Системот, особено, ќе го поддржува платниот систем Apple Pay, така што сопствениците на шестата генерација на смартфони iPhone. Во САД тоа може да се стори преку системите Visa, MasterCard и AMEX.

Се очекуваат продажбата ба таблети во оваа година пораснала за само 11 отсто, во однос на 55 отсто раст минатата година, дури и доколку продажба на паметните телефони настави раст, а продажбата на личните компјутери слабее, проценува компанијата за истражување на пазарот на мобилните уреди Gartner.

Продажбата на таблета Apple паѓа веќе два месеца со ред. Инвеститорите се концентрирани на iPhone, главниот генератор на приходите на Apple, додека продолжениот пад на продажбата на iPad би можело да нагризе околу 15 отсто од приходите на оваа компанија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Нетфликс надмина 325 милиони претплатници, профитот нагло порасна

Објавено пред

Американската стриминг услуга Нетфликс надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година.

dobivaj vesti na viber

Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Нетфликс ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од речиси 29 проценти во однос на претходната година.

Нетфликс моментално бара да го купи студиото и стриминг бизнисот на холивудскиот гигант Warner Bros Discovery. За да го финансира договорот, кој вреди околу 83 милијарди долари, Нетфликс соопшти дека ќе ги суспендира откупите на акции, објавувајќи го овој потег заедно со својот извештај за заработка.

Американските компании често користат откупи за да помогнат во одржувањето на цените на нивните акции.

Акциите на Нетфликс паднаа за дури 5 проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Откако се појавија извештаите за плановите за преземање на Warner Bros, акциите изгубија околу 30 проценти од својата вредност. Нетфликс потоа се откажа од плановите да вклучи акции во трансакцијата и изјави дека ќе ја плати куповната цена во готово.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ тестира наплата за споделување линкови

Објавено пред

Фејсбук тестира систем кој би можел да им наплаќа на корисниците за споделување линкови преку интернет, потег што би можел да се покаже како дополнителен удар за медиумите и другите издавачи. Мета, сопственикот на социјалната мрежа, потврди дека спроведува „ограничен тест“ во кој корисниците без платена претплата Meta Verified, која започнува од 12 евра месечно, можат да објавуваат само два надворешни линка месечно, објавува The Guardian.

dobivaj vesti na viber

Што носи новиот тест?

Се чини дека тестот вклучува подмножество на Фејсбук страници и кориснички профили кои го користат „Професионален режим“, кој е дизајниран првенствено за креаторите на содржини да ги монетизираат своите објави. Иако медиумските организации сè уште не се директно вклучени во тестот, овој потег би можел силно да ги погоди бидејќи би можел да ги одврати нивните читатели од споделување содржина.

Издавачите веќе забележаа огромен пад на веб-сообраќајот по одлуката на Мета во 2023 година да ги деприоритизира вестите и да се префрли на прикажување видеа и вирална, кратка содржина.

Сообраќајот од Фејсбук кон страниците со вести се опоравува оваа година, но според некои мерења во 2024 се намалил за дури 50% за една година.

Цел да се поттикнат претплатите
Најновиот тест е дел од кампањата на Мета за охрабрување на корисниците на Фејсбук да се претплатат на нивната услуга Meta Verified, која чини од 12 до речиси 500 евра месечно по профил, во зависност од нивото на услугата. Претплатата нуди дополнителни функции на сметката и повисоко ниво на безбедност.

Во снимки што ги споделуваат корисниците, Фејсбук предупредува: „Почнувајќи од 16 декември, одредени профили на Фејсбук без Meta Verified ќе бидат ограничени на споделување на две органски [т.е. бесплатни] објави месечно. Претплатете се на Meta Verified за да споделувате повеќе линкови на Фејсбук, плус да добиете значка за верификација и дополнителни бенефиции.“

Стратешка промена на Мета
Дејвид Батл, основач на медиумската консултантска куќа DJB Strategies, рече дека Мета „намерно се повлекувала од вестите неколку години“.

„По повлекувањето од плаќање на издавачите и целосното блокирање на линковите за вести во Канада како одговор на регулативата, јасно стави до знаење дека вестите повеќе не се стратешки“, рече Батл.

„Овој последен експеримент – кој засега ги исклучува издавачите – го зајакнува поместувањето од бесплатната дистрибуција кон монетизација на досегот, бидејќи Мета се стреми да извлече поголема вредност од своите постари платформи. Ова може да биде поврзано со нејзиниот скап и широко признат погрешен чекор во метаверзумот, бидејќи сега ги удвојува своите напори за вештачка интелигенција“, додаде тој.

Портпаролот на Мета рече: „Ова е ограничен тест за да се разбере дали можноста за објавување зголемен број поврзани објави додава дополнителна вредност за претплатниците на Meta Verified“.

За потсетување, Мета во јануари изјави дека ќе „заземе поперсонализиран пристап кон политичката содржина, така што луѓето кои сакаат да видат повеќе од неа во своите канали можат да ја видат“.

Се чини дека овој потег доведе до повторно оживување на вестите, според анализата на Press Gazette и Similarweb. Еден од најголемите победници беше британскиот „Експрес“, чиј сообраќај од „Фејсбук“ порасна за 26% за една година, а во март, социјалната мрежа учествуваше со дури 75% од вкупниот сообраќај на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Hitech

Пет совети за да избегнете измама на интернет

Објавено пред

Не мора да бидете хакер за да останете безбедни на интернет. Само следете неколку едноставни совети што ќе ве направат побезбедни на интернет.

dobivaj vesti na viber

Сајтот Engadget подготви неколку совети, па затоа ги споделуваме овде. Лесни се за следење, а ќе бидете многу побезбедни онлајн.

1. Инсталирајте безбедносни ажурирања веднаш
Една од најважните работи што можете да ги направите за да ја осигурите вашата дигитална безбедност е да ги инсталирате сите софтверски ажурирања штом ќе станат достапни на вашите уреди. Кога ќе видите известување, не чекајте и стекнете навика веднаш да ја преземете ажурирањето.

Не сите ажурирања на софтверот се поврзани со безбедноста, но оние што се поврзани со безбедноста се вашата најдобра линија на одбрана од хакери. Кога програмерите ќе откријат пропуст што може да се искористи, тие објавуваат ажурирање за да го поправат.

Додека пропустот биде поправен, големи се шансите дека и хакерите ќе знаат за него, па изгубеното време значи дека би можеле да бидете следните што ќе бидат експлоатирани.

2. Користете силни лозинки
Слабите лозинки, кои лесно се погодуваат, се една од најчестите причини за протекување на податоци и напади од малициозен софтвер. Ако вашата лозинка е една од најчестите, напаѓачот би можел да ја погоди без никакви други информации. Ако е поврзана со вас – вашиот датум на раѓање или моминското презиме на вашата мајка – може да се погоди врз основа на информации што секој може да ги најде на интернет.

Дури и ако вашата лозинка е случаен низ од знаци, сепак може да се погоди ако е премногу кратка. Хакерите можат да користат програми за да ги погодат сите можни комбинации и да ја испробаат секоја од нив. Колку е подолга лозинката, толку е експоненцијално потешко да се погоди.

Ова значи дека ви се потребни лозинки кои се и долги и бесмислени. Можеби со право се жалите дека е тешко да се запомнат, но постојат апликации наречени менаџери за лозинки кои можат да го направат тоа за вас. Апликацијата или екстензијата на прелистувачот за управување со лозинки може да креира лозинки кога ви се потребни, да ги чува безбедно и автоматски да ги пополнува. Сè што треба да запомните е една главна лозинка што ги отклучува сите други.

3. Поставете двофакторска автентикација
Дури и најбезбедната лозинка може да биде компромитирана без ваша вина, како на пример ако е зачувана некриптирана и протечена при упад во податоци. Затоа помага двофакторската автентикација (2FA), позната и како повеќефакторска автентикација (MFA).

Веројатно веќе ја знаете 2FA како тој досаден дополнителен чекор што бара да посегнете по телефонот, но тоа не е единствениот начин. Многу апликации, вклучувајќи ги Google и Apple, сега ви дозволуваат да се најавите со лозинка.

Не само што не бараат да внесете код или лозинка, туку користат асиметрично енкрипција, споделувајќи ги акредитивите помеѓу вашиот уред и услугата што ги користи клучевите за пристап. Тоа е многу побрзо за вас и не остава ништо за кражба.

4. Направете резервна копија од сè
Ransomware и неговите „роднини“ се растечка индустрија во економијата на сајбер криминалот. Овие напади ги оштетуваат вашите датотеки или го блокираат вашиот пристап сè додека не платите откуп за да го вратите пристапот до вашите датотеки. Најлесниот начин да се спречи напад со ransomware или да се отстрани кој било друг вид малициозен софтвер од вашиот уред е да го вратите целиот систем од неодамнешна резервна копија (back-up).

За да бидете сигурни дека навистина имате резервна копија, експертите препорачуваат правило 3-2-1: три различни резервни копии, на два различни типа складирање, со барем една физички оддалечена од вашиот главен систем.

На пример, можете да имате една резервна копија на друг уред во вашиот дом, една во облакот и една на преносен хард диск.

5. Научете да препознавате социјален инженеринг

И покрај целиот технички жаргон што циркулира во светот на сајбер безбедноста, голем број измами и хакирање се вршат со користење на методи што би ги препознал измамник од 19 век. Измамниците се претставуваат како експерти или авторитетни фигури за да ја добијат вашата доверба и користат застрашувачки јазик за да го заобиколат вашето критичко размислување. Тајмери ​​за одбројување, емоционална манипулација и лажни идентитети се е тоа во нивниот арсенал.

Добар пример за ова е фишингот, процес во кој хакерите ве измамат доброволно да ги предадете вашите информации. Во овие случаи, на пример, напаѓачите се претставуваат како банка, кредитно биро или друга служба. Потоа може да побараат ваш ПИН или број на социјално осигурување со цел наводно „веднаш да решат неправилност со вашата сметка“.

Други вообичаени пристапи вклучуваат предупредување за казни за пребрзо возење што никогаш не сте ги направиле или испраќање сметки за претплати што никогаш не сте ги купиле.

Нападите од социјално инженерство постојано се развиваат, но тие често се потпираат на истите стратегии. Најдобриот начин да ги спречите е внимателно да размислите за секоја е-пошта или текстуална порака што ја добивате, а потоа темелно да ги истражите: добро погледнете ја е-поштата, проверете го дизајнот за да бидете сигурни дека испраќачот е оној што тврди дека е и запрашајте се – дали е можно пораката да е вистинска?

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија24 минути

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија48 минути

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија2 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија3 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет3 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа5 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа5 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа5 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија19 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија20 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија23 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија23 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусогласеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...