Црна хроника
Псомиадис екстрадиран во Грција
Грчкиот фудбалски бос, Макис Псомиадис, кој околу шест месеци се наоѓаше во притвор во Скопје, во понеделник околу 13:00 часот е предаден на грчките власти на граничниот премин „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Операцијата за негово пренесуваше од затворот во Шуто Оризари до граничниот премин „Богородица“ траеше околу три часа и се одвиваше под силно полициско обезбедување.
Псомиадис, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Кавала, под сомнение за местење натпревари беше уапсен на 9-ти ноември во Скопје, по претходно издадена потерница.
Осомничен е дека бил член на криминална група, но исто така сторил и кривични дела перење пари, измама, подмитување, корупција и закани. За овие дела според грчките закони, на Псомиадис му се заканува казна затвор во траење до 70 години. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

