Спорт
Ал-Раџи со втора победа, Ал-Атијах на 17 минути до Петерхансел на две етапи до крајот

Саудискиот возач Јазид Ал-Раџи стигна до својата втора етапна победа на релито „Дакар“ триумфирајќи на 10-тата етапа, во која Насер ал-Атијах го победи Стефан Петерхансел за второто место, но остана на 17 минити од водството на Французинот на две етапи до крајот.
Ал-Раџи беше најбрз во 342 километра долгата етапа од Неом до Алула правејќи голема разлика, а Ал-Атијах и Петерхансел беа вклучени во тесна битка за второто место. На крајот Катарецот имаше 49 секунди предност на второто место, а трет беше Карлос Саинс со 4:12 заостанување. На две етапи пред крајот Петерхансел е блиску до 14. титула, со 17 минути пред Ал-Атијах и повеќе од еден час од Саинс.
Кај мотоциклистите нов лидер е Аргентинецот Кевин Бенавидес откако неговиот колега од Хонда, Чилеанецот Хозе Игнасио Корнехо, падна и се откажа во текот на 10-тата етапа во период кога имаше над 11 минути предност. Корнехо успеа да стигне на целта, но потоа потврди дека поради ризик од потрес на мозокот, нема да ја доврши трката.
Бенавидес во Хонда сега има предност од 51 секунда пред уште еден колега, Американецот Рики Бребек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ИТФ ќе стане Светски тенис

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека ќе го промени своето име во „Светски тенис“ од 2026 година.
Промената беше усвоена од националните тениски федерации на годишниот состанок на управното тело.
„Промената ќе обезбеди појасен идентитет што е порелевантен за играчите, навивачите, партнерите и засегнатите страни во тенисот низ целиот свет и ќе го усогласи брендот со повеќето од најистакнатите светски управни тела“, се вели во соопштението на ИТФ.
Управното тело на тенисот е основано во 1913 година во Париз, а стана Меѓународна тениска федерација во 1977 година.
Управните тела на бројни спортови ги сменија своите имиња во претходните години, вклучувајќи ги Светска атлетика, Светско пливање и Светски бокс.
„Светскиот тенис подобро го одразува тоа кои сме денес: глобалното управно тело и чувар на тенисот, кои напорно работат со нашите членови за да го обезбедат тенисот“, рече претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.
Спорт
Проблем за Милан, се повреди Рабио

Адриен Рабио (30), незаменлив играч од средниот ред на Милан и француската репрезентација, го повреди листот на левата нога додека играше за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство. Дополнителните прегледи покажале дека неговиот солеус, клучен мускул во потколеницата, е оштетен.
Рабио ќе паузира околу еден месец. Ова значи дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина, Пиза, Аталанта, Рома и Парма, а прашањето е дали ќе го игра во градското дерби против Интер. Тоа е голем удар за Милан бидејќи Рабио е незаменлив откако пристигна од Марсеј на крајот од летниот преоден рок.
Оттогаш не пропуштил ниту минута во сите пет натпревари на Милан.
Спорт
Синер и Алкарас рутински славеа над Ѓоковиќ, односно Фриц

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се пласираа во финалето на турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад. Турнирот е егзибиција, не е во калнедарот на АТП, а во полуфиналето Алкараз и Синер беа супериорни против Тејлор Фриц, односно Новак Ѓоковиќ.
Јаник Синер во два сета со 6:4, 6:2 го победи Ѓоковиќ. Најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ нема решение за Синер. Италијанецот ја забележа седмата последовна победа против Ѓоковиќ.
Она што треба да го загрижи Ѓоковиќ што нема никакво решение за играта на Синер. Италијанецот направи брејк во вториот гем, а откако го доби првиот сет, со брејк го отвори вториот, а уште еден брејк направи во петтиот гем, со што птактично и го реши мечот.
Исто како и Синер и Карлос Алкараз славеше со 6:4, 6:2 во дуелот со Тејлор Фриц.
Овој меч имаше речиси ист тек како и дуелот Синер-Ѓоковиќ. Алкараз во првиот сет направи брејк во петтиот гем, во истиот гем му го одзеде сервисот на противникот и во вториот сет, а потоа направи брејк и во седмиот гем.