Топ
Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово.
До несреќата дошло кога автомобил „фолксваген голф“, управуван од З.В.(30) од с.Фалише, Тетовско, удрил во малолетен пешак од Тетово. По незгодата пешакот бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.
„Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.
Македонија
Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.
Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, велат од ресорното министерство.
„Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница ,,Систина”.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација“, се нагласува во информацијата.
Македонија
Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и третиот кат на станбен блок бил пробиен за време на изградба на нова висококатница.
„Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров изврши вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на предметната локација, односно на местото каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул.„Партизански одреди“ бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда“, соопштија од општината.
Констатирани се, како што појаснуваат, неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица „Партизански Одреди“ бр.бб. Во рок од 5 дена да го вратат во првобидна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба, потенцираат од општината.